ШТИП: Сарачи Ндерим од Косово победник на Шаховскиот турнир „Штип-Опен 2024“, пет шахисти од Србија меѓу десетте најдобри

Штип, 29.01.2024

Вчера во Штип, во хотелот „Изгрев“ се одржа првиот Меѓународен турнир во забрзан шах „Штип – Опен 2024“ во организација на ШК „Нов Напредок“. Турнирот имаше беспрекорна организација, а на него учествуваа 113 шахисти од шест држави: Македонија, Србија, Норвешка, Бугарија, Косово и Грција. Тоа покажува дека интересот за овој шаховски фестивал бил навистина голем.

Штип пред повеќе од 35 години беше голем шаховски центар со меѓународниот турнир „8 Ноември“, а дали овој турнир и „Нова Напредок“ ќе го достигнат тоа ниво останува да се види. Ако се суди по почетокот, би се рекло дека надеж има.

Најдобар на турнирот беше Сарачи Ндерим, интернационален мајстор од Косово. Од второто до петото место се пласираа шахистите од Србија – Иванишевиќ Иван, Станковиќ Милош, Милановиќ Данило и Тиличев Вјечеслав.

Најдобар на турнирот од Македонија е Николовски Никола (7 место), најдобра меѓу жените е Маја Нејковиќ – Величковска, а најдобар од штипските шахисти е  кандидат мајсторот Никола Бујуклиев. Најстар учесник беше 65 годишниот Стоинев Методи од Бугарија.

Најдобро пласиран шахист од Македонија е Николовски Никола, интернационален мајстор кој го освои седмото место, а меѓу десетте најуспешни од Македонија (на десето место) е  Лазов Тони, со титула интер

Од прогласувањето на победниците
Од прогласувањето на победниците

национален мајстор     .

Наградата за најдобро пласиран шахист од Штип меѓу осумте учесници од овој град му припадна на Никола Бујуклиев, кандидат мајстор кој се пласира на 31 позиција на табелата.

Најдобро пласирана шахистка е Маја Нејковиќ-Величковска фиде мајстор од Србија, која ја зазеде 45 позиција меѓу 113 учесници.

Највозрасен шахист беше 65 годишниот Стоинев Методи од Бугарија кој се пласира на 11 место.

Наградата за првото место изнесува 45.000 денари, за второто 30.000 денари, за третото 20.000 денари и за четвртото 10.000 денари.

Тони Кироски, главен судија на турнирот се пофални зборови се изрази за „Штип-Опен 2024“.

„Овој турнир ги заслужува сите пофалби, сигурен сум дека, како што кажа организаторот, идната година ќе имаме и поквалитетен турнир според рејтингот на учесниците, и со побогат награден фонд“, рече Кироски за кого сите учесници рекоа дека, заедно со своите двајца помошници, одлично го водел турнирот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе