Штип, 04.07.2025
Фудбалскиот вторлолигаш од Штип – Брегалница продаде 85 проценти од акциите на инвеститор од Република Турција. Според нашите информации купувачи се никој друг туку газдите на фудбалскиот гигант Фенербахче. Овој клуб е со седиште во областа Кадикој во Истанбул, Турција. Тие се натпреваруваат во Супер лигата, највисоката дивизија на турскиот фудбал.
Легендарниот Жозе Мурињо е менаџерот на овој клуб кој навивачите нагалено го викаат – Фенер.
Продажбата беше верифицирана денес од Советот на Општина Штип, а со овој потег се очекуваот Брегалница да добие свеж капитал и стручно водство што на клубот би му овозможил експресно да се врати во Првата македонска фудбалска лига.
До денес 51 од акциите на клубот ги имаше бизнисменот од Штип Кирил Гогов а 49 проценти од акциите беа сопственост на Општина Штип. Гогов денес ги продаде своите акции на Општината за 150.000 евра, и со тоа ослободи простор Општина Штип да може да ја реализира продажбата на 85 проценти од акциите на клубот на турскиот инвеститор чие име јавно не беше објавено но се знае дека се тоа газдите на Фенербахче.
Газдите од Турците веднаш го превземаат управувањето со Брегалница. Дознаваме дека нивните цели се веќе познати – да се создаде тим кој експресно ќе се врати во елитата на мак-фудбалот.
Минатата сезона Брегалница за малку остана без место во баражот, бидејќи го загуби натпреварот од последното коло против Башкими кој решаваше за пласман на третото место.