ШТИП: За градинките деца има, во градинките кадар нема

Штип, 04.06.2024

Во Штип се случува раритетна појава. Над 50 дечиња чекаат на прием во градинките, но покрај тоа што нема доволно капацитети (и покрај изградбата на нова градинка „Виножито“ која прифати 149 дечиња) нема ниту кадар за работа во овие установи.

Снежана Санева, раководителка на секторот за образование, јавни дејности и локален економски развој, изјави за медиумите дека во моментов над 50 дечиња се на листата за чекање за прием во градинка.

-Неможноста овие дечиња да бидат примени во градинка се должи на должи на недоволните капацитети на детските градинки, а проблем е и недостаток на кадар. Имено, над 40 работни места  се испразнети во градинките по основ на пензионирање, а триесет месеци на нивните места не е вработено ниту едно лице, вели Санева.

По основ на пензионирање градинките во градот останаа без 40 вработени, а за пополнување на упразнетите позиции од државната власт не е добиена дозвола за пополнување на ниту едно испразнето работно место, а таа состојба трае 2,5 години..

На Штип му е потребна нова детска градинка зашто родителите во градот кој е развиен индустриски развиен центар имаат потреба не грижа за нивните деца кога тие се на работа.

-Остануваме во надеж дека министерството ќе излезе во пресрет и ќе ги даде потребните дозволи за прием на нов кадар, кој ќе работи со дечињата, бидејќи мораме да нагласиме дека во последните две и пол години не беше дадена ниту една согласност за вработување на кадар, којшто ни е неопходен во градинките иако потребата е повеќе од евидентна. Голем проблем имаат директорите да ја менаџираат Така што директорите имаат голем проблем квалитетно да ја менаџираат работата на градинките со постојниот намален кадар, вели Санева.

Инаку, проблем е и тоа што законската регулатива не дозволува формирање на поголеми групи кај помалите дечиња. Децата на возраст од една година можат да бидат во група од шест до осум дечиња, дечињата над петгодишна возраст можат да бидат во групи од 20 деца.

Пред извесно време Општина Штип пред преадаптира дел од училниците во подрачното училиште во приградската населба Три Чешми за згрижување на дечиња од претшколска возраст, но се уште не се добиените дозволи за пуштање на овој капацитет.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе