Штипска „Актива“ ќе работи за пазарот на НАТО чија годишна вредност е 5 милијарди долари

08.04.2024

Денес во Штип министерката за одбрана Славјанка Петровска ја посети компанијата „Актива“ на која и го додели сертификатот со што таа ќе има пристап до НАТО пазарот и ќе може да конкурира на тендери кои ќе ги објавува алијансата. Министерката истакна дека досега 44 компании од разни дејности во земјава  добиле пристап до НАТО пазарот.

–Воодушевена сум од она што денес го видов во производствените капацитети на оваа компанија. И како што реков, чест мие е што од 28 февруари и штипска „Актива“ е веќе сертифицирана и може да учествува на НАТО пазарот, рече Петровска.

Министерката уште нагласи дека на почетокот на  март, годинава имала успешна средба со претставници на НАТО Агенцијата за набавки и со македонски компании, при што биле презентирани можностите, како македонските компании можат да учествуваат во набавките и во НАТО Агенцијата и на НАТО пазарот.

– Пазар е многу голем и е одлична шанса за развојот на македонската економија.Јас овој позитивен пример на оваа компанија би го дала како пример и за останатите компании во Република Северна Македонија, кои досега не пристапиле до Министерството за одбрана за нивна регистрација на НАТО пазарот да го искористат како успешен пример. На компанијата и посакувам во наредниот период да биде и учесничка на НАТО пазарот и таа за кратко време да не извести за склучени договори во Алијансата, изјави Петровска.

Петровска посочи дека првиот чекор кој компаниите го направија е веќе завршен, а тоа е процесот на регистрација, односно верификација од страна на Министерството за одбрана дека тие имаат способности и ги исполнуваат условите да настапат на НАТО пазарот.

– И втората можност со која што во наредниот период уште повеќе Министерството за одбрана ќе се потруди да им помогне, а тоа е преку испраќање на свој претставник во НАТО Агенцијата за набавки и да им го овозможи пристапот до НАТО пазарот. НАТО пазарот е многу голем, тој а над пет милијарди евра на годишно ниво, и тука е можноста секоја од гранките кои ги имаме да се пријават и да учествуваат. Свесни сме дека тој НАТО пазар е предизвикувачки, бара исполнување на високи стандарди и критериуми, меѓутоа тука е и државата, Владата, министерството соодветно да го поддржат тој процес, истакна Петровска.

При посетата на штипска „Актива“ министерката Петровска потенцира дека списокот со македонски компании може да се проширува, а тоа зависи од самите нив. Инаку, сертификати и пристап до НАТО пазарот имаат компании од различни сектори.

– Различни се секторите – градежништво, прехрана, некои од нив и угостителски услуги нудат во смисла на организација и настани. Секакви компании имаме, транспортни, компании кои се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати, широк е спектарот на компании. Се што ги опфаќа потребите на Алијансата пресликајте што се случува во Министерството за одбрана, односно каков вид на набавки склучуваме на годишно ниво буквално секоја компанија е потребна, рече Петровска.

Сопственикот на компанијата „Актива“-Штип, Иле Николов при денешната посета на министерката Петровска изјави дека со овој сертификат се отвара една нова визија и во нивниот производен програм.

–Цениме дека покрај досегашните сериозни партнери коишто ги имаме од Европа и пошироко дека и овој дел, овој сегмент што сега го добивме како сертифика,за да може да учествуваме на тендерите на НАТО пазарот ќе биде уште една можност да се докажеме и на овој пазар за којшто министерката кажа дека е доста сериозен, доста голем и се надевам дека со нашиот производен програм ќе можеме да се вклучиме во еден дел од потребите за НАТО индустријата, рече Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе