СИЛНА ПОРАКА ОД ОХРИД: НИЕ, НАРОДИТЕ ОД БАЛКАНОТ, ТРЕБА ДА СЕ ДРЖИМЕ ЗАЕДНО, ЗА ДА НЕ ВИСИМЕ ОДДЕЛНО!

Трите крајезерски општини: Орид, Струга и Поградец, заедно со националните асоцијации на Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, со низа манифесдтациои, го одбележуваат “Денот на Охридското Езеро”.
Трите езерски, соседни општини, во 2000-та година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично, секоја година, да го одбележуваат овој ден.
Како дел од заедничката програма Здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста од Албанија и Македонија, исто така, со низа манифесдтациои, го одбележуваат “Денот на Охридското Езеро”.
Албанската делегација ја предводеше претседателот на националната асоцијација генерал, Тома Кондури, заедно со потпретседателот Енвер Ајдари, а во истата, покрај од Тирана, се и членови на локалните секции од Берат, Корча и Поградец.
Гостите од Албанија, прошетата низ Струга, беа во посета на Приридно – научниот музеј “Никола Незлобински”, а во Охрид ги разгледаа најзначајните културно историски знаменитости во старото градско јасро.
Во името на македонска асоцијација, за Денот говореше претседателот на Сојузот, професор д-р Темелко Ристески.
Претседателот на националната асоцијација на ветераните од Албанија, генерал Тома Кондури, од Охрид, испрати силна порака: “Ние народите од Балканот, во ова опасно време, кога над светот се надвиснати црни облаци, треба да се држиме заедно, за да не висиме одделно “!
Како што му приличи на Денот, заедничката забава беше организирана во раскошниот надезераски анбиент – ресторанот “Ана Марија”, каде, беа во прилика, во живо да им пеее и ги забавува звездата на “Гран Продукција” од Белград, Александар Јосифоски.
Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press