ВИНИЦА: Утре точно на пладне промоција на книгата „На иста адреса“ од Деолска и Ѓорѓијоски

Виница, 12.06.2025

Точно на пладне во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница ќе биде промовирана книгата „На иста адреса“ од aвторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски. Се работи за книга во која се затсапени поетски и афористички дела на спомнатите автори.

Книгата ќе биде промовирана од Доне Донев, Донев пензионеран професор по македонски јазик и литература.

„ Замислете. Вие сте на прекрасно место за кое сте сонувале од секогаш. И одеднаш ви доаѓа волшебник којшто ве прашува за желба. Мислите, мислите и …полубудни крикнувате: да напишам и објавам ПОЕЗИЈОАФОРИСТИЧНА книга. Се будите и не знаете  дали сонот е вистина или вие сте во сонот будни. Колку сме поспособни, колку се поспособни Христина и Миле, да ги именуваме (да ги именуваат) и да ги препознаваме (да ги препознаваат) овие специјални состојби на свеста, без оглед дали се будни или во сон, толку се зголемува и нашата моќ да навлеземе во нив.

Првин би можеле поединечно што јас и сесрдно го препорачувам. ЗНАЧИ : ги читаме стиховите на Христина Деолска.

Вториот пат ги читаме афоризмите на Миле Ѓорѓијоски. И дури третиот пат паралелно. Зошто го пишувам ова?

Затоа што ако кај Деолска стиховите ви дејствуваат исцелително, за да го пробудат зас-паното во вас, да го воскреснат, да ви укажат ако сакате да одите напред особено треба да внимавате каде и како… зашто чекорењето по работ е реалност што укажува: или ќе про-должите или ќе паднете . Овие стихови сугерираат дека егзистенцијата на светот на сликите (во конкретниов случај бајковитите) не би требало да се разбере како некакво бегство од она што сме се согласиле да го нарекуваме реалност туку, напротив, дека избрзаното отфрлање на вистината, може многу лесно да наликува на бегство од внатрешната реалност.

Паралелно или како што напишав посебен тон на стиховите им дава мислата, длабоката  вплотеност, не би рекол спротивност, на афоризмите на Миле Ѓорѓијоски коишто доаѓаат како дополнување ,, …да го стасаат времето… (зашто) можат само оние што одат пред него. И со ,,На иста адреса“ двајцава автори се пред времето во поглед на ваквиот вид писанија. Поттик за многумина. Афоризмите на Миле Ѓорѓијоски тука се да ни ја дорадостат возбудата од естетското задоволство како моќно емоционално расположение коешто ни суге-рира да се освестиме, да не бидеме статус кво: а не се прескокнува зборот…., запиша професорот Донев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press