Владата одлучи, тим од лекари ќе им понуди лекување на повредените од Кочани во Пониква

Одморалиштето Пониква ќе биде пренаменето во рехабилитациски центар за граѓаните повредени во трагедијата што неодамна се случи во Кочани. Како што информираат од Владата, оваа одлука е донесена на вчерашната владина седница, со задолжение до Министерството за внатрешни работи да го стави објектот на располагање на Министерството за здравство.

Станува збор за објект со 27 соби и 56 легла, кој ќе биде активен како рехабилитациски центар во периодот од 10 јуни до 20 август. Како што најави Владата, за пациентите ќе се грижи тим на лекари кои покрај здравствена нега ќе понудат и психолошка поддршка.

„Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита“, се наведува во соопштението. Сите услуги за пациентите вклучително и сместување и оброци ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за внатрешни работи и Владата. Истото важи и за медицинскиот персонал кој ќе престојува таму.

Во случај здравствените тимови да проценат дека е потребно продолжување на рехабилитацијата и по 20 август, Владата ќе ја продолжи одлуката.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press