„Во ресторанот“ авторски  проект на Трајче Кацаров, утре навечер премиерно на Малата сцена при Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 14.09.2023

Штипската театарска публика ќе има убава прилика утре навечер (15.09.2023) во 20 часот, на Малата сцена во домот на култура „Ацо Шопов“ премиерно да го проследи најновото драмско дело на писателот Трајче Кацаров, драмата „Во ресторанот“ која е проект на драмското стутио „Бронзена наметка“. Режијата е на авторот Кацаров, двете улоги ги толкуваат Искра Постолова и Антонела Митева,  музуиката е на Горан Трајков, сценографијата на Верица Наумова, како светло мајстор се потпишува Ристе Стојановски, изработка на сценографијата е на Лабина Димитрова  и Елена Џамбазова.

Еве што предпремиерно ни изјавија главните актери кои штипската публика ќе може да ги види на утрешната премеира:

АНТОНЕЛА МИТЕВА (ЕВА):

Се работи за авторско дело, текстот е на Трајче Кацаров, искрено да кажам дека ова за мене е нешто ново и ми е многу драго бидејќи од Кацаров учевме и научивме многу. Во делото под наслов „Во ресторанот“ го толкувам ликот на Ева и за мене ова е нешто ново и значајно бидејќи за прв пат се впуштам во драмските води.  Претставата интенензивно ја подготвуваме два месеци, лично сум задоволна од сработеното и се надевам дека и публиката ќе ни подари убав аплауз на крајот…

ИСКРА ПОСТОЛОВА (ЛИЛИТ)

-Два месеци со полн интензитет одевме на проби и можам да кажам дека со нашиот ментор, авторот на делото Трајче Кацаров, ние успеавме, а тоа ќе и го покажеме и на публиката дека сме направиле добра претстава, а лично мислам дека ова ќе биде претстава која позитивно ќе ги допре сите сетила на присутните на премиерата. Содржината на текстот и играта даваат доволно место за оптимизам и за добра комуникација со гледачите за кои сум сигурна дека ќе се уверат дека сме направиле нешто добро во нашата култура и театарска уметност. Очекувам премиерата да ја проследи многу публика.

ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ (АВТОР И РЕЖИСЕР)

-Називот на драмското студио е „Бронезена наметка“ кое стои зад овој проект, па некои ќе прашаат од каде сега пак Борнзена наметка. Има еден голем театролог Етјен Сјурио кој има речено дека има повеќе од 200.000 драмски ситуации. Тој има речено дека театарот е како и животот, секој човек има некоја бронзена ситуација. Ние, со оваа претстава, на некој начин ја покриваме публиката со бронзена наметка и всушност ја наведуваме публиката да се сети на некои ситуации од животот кои што ќе бидат како бронзена наметка која ќе свети на нивното чело.

Се надевам овие две девојќи кои ги играат Лилит и Ева, а кои доста смело влегоа во овој проект бидејќи нивната младост можеби не дозволува да се справат со еден ваков сценски конфликт, но од друга страна ова е театар на дијалогот, ова е драма од која што произлегува и трагедијата и комедијата. Значи имаме трагични и комични моменти само по себе наликува на животот кој што претставува една бронзена наметка под која секој еден, онака индивидуално, се чувствува исто и на свој начина ја  разменува енергијата со сцената. Се надевам дека текстот, фабулата, приказната е доста едноставна и публиката ќе може многу бргу да ја свати, потенцира Кацаров.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе