Израелски и палестински војници изјавиле за Асошиејтед прес (АП) дека употребата на човечки штит од страна на Израел во Газа е широко распространета, пренесува „Гардијан“. Тие опишале дека се користени како штитови во Газа и окупираниот Западен Брег, практика која е забранета со меѓународното право.
Како што се наведува, тие изјавиле дека војниците систематски ги принудуваат да дејствуваат како жив штит во Газа, испраќајќи ги во згради и тунели за да проверат дали има бомби и вооружени лица.
Тие за АП изјавиле дека оваа практика станала присутна во текот на изминатите 19 месеци војна.
Како одговор на овие наводи, израелската војска одговорила дека строго забранува користење на цивили како штит – практика што долго време го обвинува Хамас дека ја користи во Газа.
Израелските власти ги обвинуваат милитантите за бројот на цивилни жртви во нивната офанзива во која загинаа десетици илјади Палестинци.