Втора работилница за складирање енергија – Акуо гради мостови меѓу студентите, иновациите и зелената енергетска иднина

Штип, 15.05.2025

Складирањето енергија, како една од стратешките компоненти за овозможување робусна иднина за обновливата енергија, беше главната тема на денешната работилница „Напојување на иднината – Складирањето на енергија како столб на транзицијата кон обновлива енергија“, што се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во организација на Фондацијата Акуо.

Конференцијата, која означува нов чекор во проектот на Фондацијата, ги собра на едно место студентите, професорите и експертите за животна средина, кои ја поддржаа долгорочната мисија на Фондацијата Акуо за зајакнување на локалните заедници во штипскиот регион преку едукација и иновации, како и промоција на одржливоста и писменоста за обновлива енергија.

Студентите имаа можност да се запознаат со улогата и важноста на складирањето на енергија во декарбонизираните енергетски системи. Беа презентирани различни технологии како што се литиум-јонските и проточните батерии, како и начините на кои тие поддржуваат поотпорен енергетски систем.

На работилницата акцент беше ставен и на проектот „Стипион Солар“ како студија на случај за да се демонстрира како складирањето на енергија е интегрирано во инфраструктурата за обновлива енергија во реалниот свет.

Една од целите на оваа програма на Фондацијата е да ги подготви студентите од факултетите за земјоделство, машинско инженерство, електротехника и технологија за предизвиците на енергетската транзиција.

Анас Будар, раководител на одделот за складирање во Акуо, одржа предавање, нагласувајќи дека една од целите на оваа програма на Фондацијата е да ги подготви студентите од факултетите за земјоделство, машинско инженерство, електротехника и технологија за предизвиците на енергетската транзиција.

„Нашата мисија со оваа работилница беше да го доближиме складирањето на енергија до идните професионалци – студенти. Со споделување на практично знаење за технологии како што се литиум-јонските и проточните батерии, истражување на флексибилноста на енергетската мрежа и интеграција со сончевата и ветерната енергија, сакаме да ги подготвиме младите луѓе за предизвиците на енергетската транзиција. Ова е дел од нашата поширока посветеност да го поддржиме образовниот столб на иницијативата на Фондацијата Акуо во Штип и да понудиме кариерно водство и професионален увид во оваа динамична и стратешки важна индустрија“, рече Будар.

Настанот заврши со ангажирана дискусија и размена на идеи меѓу учесниците, отворајќи простор за нови перспективи и соработка. Со инвестирање во знаење, практично образование и локален капацитет, Фондацијата Акуо гради мост помеѓу младите генерации, иновациите и иднината на зелената енергија во регионот.

Ова е втората од серијата работилници на Фондацијата Акуо што се одржуваат на „Универзитетот Гоце Делчев“ во Штип. Првата работилница во март 2025 година „Развој на Штип преку поттикнување на одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“ имаше за цел да ја охрабри локалната заедница во процесот на наоѓање решенија за тоа како обновливите извори на енергија можат да станат одржливи економски модели. Настанот се одржа во присуство на владини претставници, бизнис лидери, експерти за животна средина, студенти и претставници од земјоделскиот и енергетскиот сектор.

Со оваа серија работилници, Фондацијата Акуо продолжува да ги поврзува науката, индустријата и заедницата, поставувајќи ги темелите за енергетска иднина што е одржлива, инклузивна и водена од знаење.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press