Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,8 степени синоќа во 2 и 17 часот, ја погоди областа Мармарис во југозападна Турција, при што еден тинејџер загинал, а десетици лица биле повредени.

Земјотресот се случил на околу 10 километри од брегот на Мармарис, а бил почувствуван и во Грција и дури во Египет.

„Четиринаесетгодишно девојче починало поради напад на паника, а 70 лица биле повредени во областа Мугла во обидот да најдат безбедно место, вклучувајќи и некои кои скокнаа од висина“, напишал министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на X.

Од повредените, четирнаесет биле згрижени на местото на настанот, осум биле кратко згрижени, а потоа отпуштени, а уште 46 се лекуваат во болница.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press