БОЧВАРСКИ: Можни се предвремени локални избори во Штип

Штип, 20.08.2020

Министер за транспорт и врски во новата влада на премиерто Зоран Заев ќе биде штипскиот градоначалник Благој Бочварски. Со оглед на фактот дека до крајот на неговиот прв граддоначалнички мандат има уште 13 месеци, штипскиот градоначалник, на денешната прес конференција најави можност од нови, предвремени локални изброи во регионалниот центар на истокот од државата.

„Јас и досега имав назначено заменик градоначалник од редот на советниците, постапката ќе ја продолжи општината и ќе се преземат сите наредни чекори, ќе се избере в.д. градоначалник кој ќе ја извршува таа функција се до следните локални избори. Законот е јасен, а истито ќе биде протолкуван и од нашите правници. Според законите реална е можноста да се оди на предвремени локални избори, но пак ќе кажам дека ние ќе го чекаме и почитуваме зборот на струката, односно на  правниците. Сепак јас верувам дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори, а во кој момент ќе се случи тоа треба да одредат Владата и ресорното министерство. Јасно е дека има точно определени рокови до кога треба да се донесат овие одлуки и до кога може да трае мандатот на в.д. градоначалникот. Сепак, најважно од се за граѓаните и за градот во овие моменти е општината да продолжи да функционира непречено, а јас стојам на располагање секогаш и во секое време да ја давам мојата поддршка“, рече Бочварски.

Тој на денешната прес-конференција даде и мини отчет  за реализираните  проекти во општината во време кога ја извршува функцијата градоначалник. Притоа Бочварски спомна дека неговата пожртвуваност била препознаена од мандатарот, поради што и му било доверено да води едно така гломазно министерство како што е Министерството за транспорт и врски.

„Се будев и легнував со предизвиците за мојот град и граѓаните. Ова беше препознаено од мандатарот и јас сум единствениот градоначалник кој има чест да го води ова гломазно министерство. Со ист жар ќе се борам за она што ни е важно денес и за идните гренерации“, порача Бочварски.

Бочварски спомна дека како министер за транспорт и врски ќе продолжи да Работи на значајни инфраструктурни проекти за целата земја. Тој Најави изградба на нова, модерна инфраструктура по европски стандарди.