ВИНИЦА: Женскиот квартет Квинс ги освојува Македонија и Балканот

Виница, 20.02.2020

Виница, која од новинарите на регионалниот актив Исток при ЗНМ е прогласена за Град на културата за 2019 година, меѓу другите драгоцености го има и женскиот квартет Квинс. Токму Квинс ќе настапи на 13 март на свеченото доделување на признанијата на најдобрите од регионот, на настанот кој ќе се одржи на Славјански во Свети Николе.

39308165_2070874869841208_2753807402401792000_nАрхитект на Квинс е Славко Ѓоргиев, човек кој беше дел од групата Калифорнија која група во 1999 година беше првиот бенд кој на концертите низ државата го придружуваше Тоше Проески.

-Изабела Атанасова, Дајана Илиевска, Андреа Јованова и Елена Давиткова кои се во групата Квинс беа во школата за гитара при Домот на култура „Тошо Арсов“. Кај нив видов талент и се одлучив да го формирам квартетот. Наша цел е да ја презентираме гитарата како музички инструмент со модерни аранжмани од вокално-иинструментален карактер, нешто кое на овие простори го нема, Аплаузите кои девојките ги добиваат на концертите ни говорат дека сме направиле нешто добро, нешто квалитетно и посакувано, вели Ѓоргиев.

Групата постои три години, а досега покрај повеќекратни настапи во Виница, имаат настапувано и во Берово, Пробиштип, Делчево, Кочани, Скопје и во бугарскиот град Тријавна. Во овој град групата освои гран при за најдобар женски квартет, а на 10 април годинава, на барање на домакините, ќе одржат концерт и во Ќустендил, Бугарија.

Инаку, школата за гитара при Домот на култура „Тошо Арсов“  постои дванаесет години и низ неа досега поминале над 70 деца и млади на возраст од  8 – 18 години.