ВМРО-ДПМНЕ : Ахмети го сакаме цел!?

Колумна на Веле Митаноски
Колумна на Веле Митаноски

Во мигови кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски се однесува како напуштена љубовница, лидерот на ДУИ Али Ахмети, во разделбата, после еднодеценискиот политички брак, на тешките воздишки, возвраќа  по принципот на меко спуштање на авионот – за сепак да се слета на тркалата и да не заринка на нос.

И додека Ахмети меко го спушта авионот во Мала Речица, разделувајќи се чекор по чекор од старата љубов, ВМРО-ДПМНЕ сеуште не верува во разделбата. Груевски и натаму стои на прозорецот од белата палата, како некогаш Јулија на балконот, отворено повикувајќи и довикнувајќи му на новиот партнер Заев : Ахмети го сакаме само ние и тоа цел!?

“Без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ, или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ (!!!)” – стои во најновото партиско соопштение…

,,ВМРО-ДПМНЕ целосно се спротиставува на обидите да се игнорира и изигра волјата на мнозинството македонци, но и волјата на припадниците на останатите етнички заедници кои својот глас го дадоа за Коалицијата „За подобра Македонија“.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја актуелната политичка состојба заклучи дека неповратно е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ без учество на ДУИ во идната извршна власт”.

Во услови,кога Ахмети е посакуван партнер (или партнерка) од двајцата момчеци – Груевски и Заев, кокетниот зоти Амети, политичките принципи и козистентноста ги рефлектира според познатата досетка: Жената мој-мој, жената твој-мој!?

Зоти Амети, навистина,Груевски и сите нас,  со месеци не “влече за нос!”.Или, како што велеше, мудриот Арбен Џафери: “ни ги мачка очите со мраз!”. Сака “да роди” влада, ама да останел невин!Сака владата да му ги носи законите што му легнале на срце, ама тој да бил надвор од владата! Сака “печени костени”, ама Зоран Заев да му ги вади од жaрта!Зоти Амети, всушност, сака ситуација: И чифт и тек- да е по негово!Да го задржи принципот:”влада на апсолутни победници” (со Груевски), а да направи влада на “релативни победници”( со Заев).

Во моето Црвена Вода, поткараорманско село во славната Дебрца, мајтапчиите вака ја дефинираа ситуацијата во која не внесува зоти Амети: Жената мој-мој, жената твој-мој – ќе бидеме побратими!?

И додека Ахмети му намигнува на Груевски, а се повеќе погледот “му шара” кон Заев ( “причам ти приче” дека тој ќе се откаже од  министерските места само да му остави простор на СЈО да му издаде “црно на бело” колку останал недефлориран по 10 години престој во владините одаи), ВМРО ДПМНЕ и Груевски, почнаа да се факторизираат, барем толку ако не и повеќе колку што Заев и Ахмети ја “дефакторизиораат” Македонија.

Така ли ќе се борите против разнебитување на разнебитеноста, ќе ги праша колегата Тричковски!?

Молошоски, од Скопје порачува: “Браќа и сестри, бидете здрави, живи, достоинствени и спремни!”

Од  Охрид, Битола, Крива Паланка… му возвратија:  “Спремни сме за секоја ситуација!”

Насекаде, ечи: Македонија,Македонија, се чита унифициран говор : “Нападната ни е татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија! Ќе победиме!Да живее ВМРО, да живее Македонија!”.

“ Лагата може да го прелета  целиот свет, пред  вистината да си ги облече пантолоните”, подучуваше славниот колега од Островот, големиот државник Винстоин Черчил.

“Тврдокорните”,  оној со “жутата”  брада и гласот на Сулејман Величествениот, братот Мане, од кого се откажа родениот му брат – Гојко, ветераните, “спремни” се,  ако треба и животот да го положат на браникот на јазикот, а би требало да се – подготвени. “Спремни” нека бидат од Табановце северно, кога ќе го заземаат Прохор Пчински, како што, за најавениот конгрес,  го зазедоа Солун, отпосле кажувајќи ни дека, всушност, мислеле на  меаната “Солун”  во Гевгелија.

Сите се “за бој спремни”, во одбрана на јазикот, правописот и кирилското писмо. Испратија и соодветен “ одбрамбен “ проглас.

“Pocituvani brakja i sestri”:

Untitled-1