Во Белград врвно признание, во Пробиштип со Трагачи по парадокси

Штип, 01.03.2019

Македонскиот сатиричар Миле Ѓоргијоски од Делчево, стана добитник на наградата Радое Домановиќ-Екселенција сатира. По тој повод во македонската амбасада беше одржан прием за славеникот. Приемот го организира в.д.амбасадорот Александар Поповски, а беше присутен и Драган Митревски, заменик амбасадор.

mile ambasada_800x600Инаку, високото признание за сатира на Ѓоргијоски му беше предадено во Друштвото на писателите на Србија, а на него присуствуваше и заменик амбасадорот Драган Митревски кој по потекло е од Виница. Беа присутни и претставници на амбасадата на Полска. Инаку, Ѓоргијоски е член на Друштвото на писателите на Србија БАК Београд и на Куќата на културата “Наџи Наман” Либан.

mile probisti logo_416x600Миле Ѓорѓијоски продолжува со популаризација на сатирата низ Македонија, Романија, Бугарија и Србија. Во вторник, на 5-ти март, во Домот на култура „Злетовски рудар“ во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата на Ѓоргијоски Трагачи по парадокси.

На промоција свои афоризми ќе читаат Миле Ѓорѓијоски и Ленче Стојменова, а  поетесата Христина Деолска ќе се претстави со својата поезија.