Груевски има само уште една шанса да се врати во нормалноста и моралноста!

(“Во моралноста е најбитно одрекувањето” – Сигмунд Фројд)

“Ако сака ВМРО да преживее треба да почне од сопствените редови, па дури после да почне со десоросоизација. Гадна генералка ги чека натурализираните вмровци, за да преживеат идеолозите! Во спротивно ги чека погром”!

Со ваков апел, за внатрешно прочистување на партијата, се огласи моето пријателче, Мишко Талески.

Неговиот апел го подразбирам како глас на разумот “одблиску”! Затоа што и лошите претчувства, му дошле – “одблиску”!.

Претчувствата се глас Божји, во густа темна шума!Ама треба да се препознаат! И тоа навреме, додека не е доцна!

Неговиот статус ми прозвучи како апел за разумно освестување после соочувањето со вистината, поточно со реалноста. Дај боже, што повеќе како него да се охрабрат и да го побараат ова што тој го бара.

Ќе има се повеќе такви, како што ќе останат и многу јаничари и јаничарки – како Валето Божиновска, но од нејзе и Господ кренал рака!

Само чистењето однатре – нанадвор е вистинско чистење.Езерово, наше, Охридско, го бербатат десетици, десетици илјади – преку лето. Веќе наредната пролет е чисто како солза.Ама, не како солзата победничка!Зашто? Затоа што знае да се исчисти однатре!

И мудриот Черчил, на своите министри им кажувал во Кабинетот, да мочаат одвнатре нанадвор!

Само што, во овој случај, треба да се тргне обратно од онаа народната: рибата смрди откај главата, a се чисти од кај опашката!

Овој пат ќе мора да се чисти, откај што смрди-од главата! Затоа што тоа е “морално”, или, како што би рекле моите охригани – заш така требит!

Ќе биде болно, ама и корисно, пред се за самата партија, за народот, за државата, за човештвото.

Еве, една поткрепа што ја најдов кај Сигмунд Фројд: “Морален е оној кој ќе го доживее искушението во самиот себе, препуштајќи му се. Она што е најбитно во моралноста е одрекувањето, бидејќи моралниот начин на живеење е практичен интерес на човештвото. Само оној кој бил најголем грешник може да го достигне највисокиот степен на моралноста”.

Фејсбук статус на Веле Митаноски