ДЕЛЧЕВО: Нема заразени но се превземаат нови мерки во борбата против коронавирусот

Делчево, 03.04.2020

Градскиот пазар во Делчево останува затворен, а во Делчево ќе се постават два пункта за дезинфекција на возилата за влез во градот. Ова се дел од Заклучоците кои се донесоа денеска на редовниот состанок на Општинскиот кризен штаб. На Состанокот кој се одржа на иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и на кој учествуваа сите надлежни институции од градот вклучени во борбата со заразата од Ковид-19, се разгледуваше состојбата со заразата од коронавирусот на ниво на Општина Делчево, а се информираше и за активностите на институциите кои се преземаат за спречување на појавата и евентуалното ширење на болеста предизвикана од коронавирусот.

Според информацијата од Центарот за јавно здравје, ПЕ Делчево, на територијата на Делчево, досега за коронавирусот се тестирани 6 лица и сите тестови се негативни, а уште 5 лица се во самоизолација.

Во периодот од 13.март до денеска полицијата во Делчево извршила 720 контроли на лица во саамоизолација, а 5 лица се во државен карантин. ПС Делчево поднела 16 кривични пријави од кои 5 се за кривично дело за непочитување на мерката за самоизолација, додека 11 лица го прекршиле полицискиот час.

Во Здравствениот дом Делчево екипираноста со кадар ги задоволува потребите, а во моментов се уредува простор за отворање пункт за земање брисеви за тестирање од коронавирус. Градоначалникот Трајковски потенцираше дека освен мерките за дезинфекција на сите јавни објекти, урбаната опрема, јавните површини и улиците во градот и селските средини кои се вршат во континуитет, во тек е изработка на два системи за дезинфекција на возилата кои ќе се постават на двата влеза во Делчево.

Исто така, Трајковски информираше и дека од старана на два мобилни тима од Општина Делчево досега се дистрибуирани се 4.700 заштитни маски за повеќекратна употреба,  150 антибактериски гелови за раце, 500 пара заштини ракавици за еднократна употреба за вработените во сите инстутуции на локално ниво, воситно-образовните институции, банки, пошта, бензиски пумпи, маркети, мали продавници во градот и населените места,н отарските канцелараии, ординациите на матичните лекари, ОО Црвен Крст и сл. Трајковски истакна и дека Општина Делчево обезбеди и 15 скафандери за еднократна употреба;

Во тек е хуманитарна акција за собирање донации за подготовка на социјални пакети, а на барање на наши иселеници е отворена девизна донаторска сметка, додека денарската е во постапка на отворање.

Инаку, како препораки за идни активности во насока на превенција од појавата и евентуалното ширење на коронавирусот на територијата на Општина Делчево, на Состанокот беа донесени следните заклучоците:

1.Поставување на инсталации за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Делчево;

2.Градскиот зелен пазар останува и понатаму затворен, односно продолжува да важи заклучокот донесен на Регионалниот кризен штаб;

3.Да се ажурираат списоците со лицата ангажирани во Просторните сили на Општина Делчево и од страна на ТППЕ да се одржува обука со цел да се подготват за вклучување во справување со појава на пожари;

4.Да се преземат мерки за информирање на граѓаните од страна на Државниот инспекторат за земјоделие, ПЕ Делчево за забраната на палење стрништа, како превентива од појава на пожари од поголеми размери.

(Д.Такева)