НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗНА СОСТОЈБА: КОПИ-ПЕЈС, СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ, НЕОДГОВОРНОСТ, ОТСУСТВО НА ЧУВСТВО ЗА ЕМПАТИЈА!?

Oхрид, 04.04.2020

На 27 март, попладнето, на мјот фејсбук профил, беше сум ја постирал следнава објава:

OНОЈ, КОЈ БЕЗОБЗИРНО КРАДЕ – МАТЕРИЈАЛНИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ДОБРА, НЕМА ПРАВО ДА ПОВИКУВА: “ДРЖ ТЕ ГО КРАДЕЦОТ”!

ОНОЈ, КОЈ НА ДЕЛО, Е ФАТЕН ВО КРАЖБА, НЕМА МОРАЛНО ПРАВО (СЕ РАЗБИРА ДОКОЛКУ ПОСЕДУВА И ТРУНКА МОРАЛ!), ДА ГО ПАТЕНТИРА – КАКО СВОЈ УКРАДЕНИОТ ПРОИЗВОД.

Во прилог на објавата, го наведов линкот на, еден, ѓоамити медиум од “охридскиот скај!”, кој водеше до мојата репортажа, објавена во Плус инфо,кај Геро, под наслов:  Додека вирусот беснее: Како „бунтовната” соработничка на Ленин, д-р Елена Каваева, ја победи маларијата во Охрид, Струга, Македонија и во Албанија?

Репортажата, покраj во Плус инфо, беше објавена и во Либертас, скоро кај сите асолни медиуми од Охрид, се до Исток Прес на колегата Иван Бојаџиски. Секаде уредно, со името на авторот. Само во ova “oхридско небо”, името и презимето на авторот беше избришано, а безобразлукот, дрскоста и нечовечноста да одат докрај – под мојата, репортажа стоеше (ЦИТИРАМ): “Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink.

КОГА УКРАДЕНОТО, ГО ПАТЕНТИРАТЕ  ЗА СВОЕ!?

Ем ми го украл производот, ем си го патентирал како свој, си ги задржал сите авторски права!!! Му се јавив на Геро. Му велам: јас не комуницирам. Уште како средношколец во елитната охридска класична гимназија, дебело ја запечатив латинската поговорка: Nomina odioza sunt!

Навистина имињата понекогаш се одвратни! Затоа и овде нема да користам имиња, можеби по некоја асоцијација. Некаде во раните деведесетти години, веднаш по осамстојувањето, го формирав Супер Радио, во рамките на фирмата Мак-Сервис.Фирмата мегу другото, се занимаваше и со трговија. За западниот регион, од страна на фирмата Линк-Телеком,  бев овластен да ги пласирам пејџерите и тракинг-мобилните телефони, првата мобилна верзија.

Во една прилика, во канцеларијата, ми дојде едно момче, во друштво со  едно малку повозрасно момче, денес, директор на јавно претпријатие во Охрид. Повозрасното го знаев како чесно и паметно, а помладото како недај боже! Охригани му имаат наденато име, кое совршено му одговара.

Nomina sunt odiosa!

Помладиов ми вели: Директоре, ме испрати лицето С,Џ (републички јавен обвинител) да ми дадете еден пејџер (додава од најскапите – адвајзор – чинеше 500 долари!), неговата сопруга, додава, работи во Линк телеком, таа ќе го правда, а вас ќе ве раздолжiт!

Малку наивен, малку поради другото момче, во кое верував и денес верувам, само проверив дали навистина спомената госпога работи во наведената скопска фирма. Работеше. И му го дадов пејџерот!

Кога се откри измамата, им велам што правиме сега? Твоја грешка-твоја математика, велат.Те наседнал.Чаре? Нема чаре, има зијан! А во твојот зијан има и малку ќар! Момчето оди по плажите, пејџерот го носи закачен на капечките – твои се и рекламата и ќарот и зијанот!!!

Нејсе!Тражили сте гледајте! Мојот професор, Блаже Конески, често знаеше да ни рече: Деца, преубаво име на државата носиме. Се плашам дека ќе ни го земат! Или: Деца, учете го јазикот, јазикот ни е последната татковина! Далекувидост до немајкаде!

Некаде беше сум прочитал дека и хуморот ни е последната татковина. Умните велат дури и црниот хумот е добар, особено во кризни времиња. Еден српски поет, ја величаше поезијата, песната: “Песна нас је одржала, њојзи хвала”!

Сето тоа е така.Но, мите седумдесетикусур години, ме учат дека само одговорноста може да не одржи. Овде и сега! Нашиот народ,со право, во колективната меморија, го има вградено она – три пати мери, еднаш сечи!

КОПИ-ПЕЈС, СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ, НЕОДГОВОРНОСТ, ОТСУСТВО НА ЧУВСТВО  ЗА ЕМПАТИЈА!?

Арно, ама, мегу нас, ги има и такви на кои умот им не им сечи премногу ! Пред некој ден напишав дека, не можете да бидете некој во професијата,ако,пред се, не сте човек! Во новинарството минав еден тежок пат, една тешка вертикала: Од фабрички новинар (Отекс),преку Вечер (на Мирко Миронски) и Радио Охрид, до новинската агенција ТАНЈУГ. Една од петте најпрестижни во светот. Дописникував за МИА, за сите весници во земјата.Известував и коментирав.

Никогаш не се одделив од геслото: Брзо,точно,проверено! Во мое време не се објавуваше информација,без проверка во два релевантни извори. Важеше геслото: Да се чуе и другата страна! Често брзината (аксклузивноста) ја жртвував на проверките.

Што од тоа остана денес? Нажалост многу малку. Во новинарството се накотија такви кутриња, кои цицаат на сите мајки-кучки (најчесто партиски),за одговорноста им e – колку за ланскиот снег, сензационализмот им е – сезнајност, личните фрустрации ги истураат врз хартијата, блујат одвратен огин на суета и освета од екраните!

Земјата е во вонредна состојба, живееме во полициски час, одговорноста треба да ни биде светост, заедништвото и солидарноста – спас!  Кога со Геро здушно баравме вонредна состојба, далеку пред формално да ја прогласат, не исмејуваа Колешка од “нашето доба”, во која сум верувал, мегу другото, не нарече пекачи по вонредна состојба и фанови на Вучиќ!

Што остана за другите, кои од немајкаде станале “новинари”, и “новинарки”.Една таква, Алфа-женка, од мојот град, деновиве ја посеа со стигма, во моментов, најспасоносната професија – лекарите! Токму оние кои се жртвуваат, излегуваат наутро од дома, ги оставаат своите, одат во отворен гард во битката со невидливата сатана.

“ЗДРАВАТА” АЛФА НОВИНАРКА И “ЗАРАЗЕНАТА ДОКТОРКА”!?

Алфа- новинарката, Крајно неоговорно, објави дека е “заразена докторка!”, од тоа и тоа одделение!? Прво не прави разлика помегу куќно изолирана и заразена! Во мал град! За институција од само двајца доктори! Без да им се обрати! Буквално,животот, без потреба, им го направила пекол.Ним  и на нивните блиски и пријатели!

Денеска е сабота, викенд, а “заразената докторка”, од понеделник, повторно ќе биде во првата линија на фронтот! А, каде ќе и биде душата на “здравата” алфа-новинарка?

Веќе напишав имињата се одвратни. Како можеш да бидеш новинар, ако претходно не си човек? Како можеш да шириш емпатија кон другите – со сите свои духовни и физички фрустрации!?

И пак нешто од личното искуство. Ама еднаш се наседнува. Кога го отворив радиото во Охрид, една млада охриганка побара да ја вработам.Исто како оној со пејџерот. Е,еднаш се наседнува! Си ги отворив очите малку повеќе.

Која беше осветата. На другарот Тито му организирав гостување на една охридска телевизија. Младата охриганка, беше ТВ водителка. Однапред, беше одбрала две базни точки (Емикс Радио и еден приватен број во Влашка Маала), од каде гледачите, онака случајно(!), ќе се јавуваат за да иструраат кал врз мене.

И во овој случај имаше досетка, слична како со пејџерот на капечките на охридскиот “новинар”.Во една прилика имаше големи бранови во Охрид. Алфа-новинарката извести дека биле високи “најмалку 5 метри!”.

-Ако ги мерела според себе си, тогаш е во право, коментираше еден од колегите во Охрид!!!

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе