Заев на распетие: Колку повеќе го поттурнува Брисел,толку повеќе го растргнува Москва!?

Охрид, 28.03.2017

 (Она што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот:Quod licet Jovi non licet bovi)

 

Колумна на Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

“Мислим да су веома забринути, и то бих могао да објасним на начин да колико западне силе подржавају владу Заева и албанских партија, толико ми се чини да руски председник није на тој страни”!

Мислев дека ова требаше да го пренесам во оригинал, за “да не се изгубам во преводот!”.

Ова е кажано по средбата на рускиот претседател Владимир Путин, со српскиот претседателски кандидат Александар Велики Вучиќ, кој скокна до Кремљ да му покаже и докаже на Путин колку, во меѓувреме, од “муцањето” пред една година во Белград, до денеска, го беше совладал рускиот јазик!

Што пак, беше кажано пред вучиќевата предизборна визитација (Путин не крие дека сака да победат силите од сегашната власт во Србија!?), во однос на Македонија, добро ви е познато од изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров  и шефот на руската мисија во ОБСЕ.

Тие се сведуваат на фактот дека Русија е загрижена за вплеткувањето на западот во македонските состојби, а дека самата таа, нели, не се вплеткува! Отприлика како што поповите ни кажуваат да го правиме она што ни го кажуваат, а не што самите тие го прават, односно како во старата латинска мудриост: Што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот (Quod licet Jovi non licet bovi)

И самиот Путин, во очи на “непланираната” посета на Вучиќ, најави дека со него ќе разговара за ситуацијата во регионот, затоа што “Русија гледа дека се случува заострување”.

“Најдуже су разговарали о региону. Путин желео да чује шта Вучић мисли о догађајима у Македонији, Црној Гори, БиХ…”

Мислев дека и ова треба да ви го предадам во оригинал, онака како што денешниот (не мојот некогашен Танјуг) бил “овластен да соопшти!”.

По средбата Вучиќ изјави дека во разговорот со Путин го изнел своето видување на ситуацијата во регионот на Западен Балкан и дека токму на таа тема, во однос на сите други на кои разговарале – најдолго се задржале.

Александар Велики Вучиќ, политичарот кој не знае кој е премиер во Македонија, ама добро знае што нас не мачи и како нашите маки да ги надоврзе на неговите (“заједно смо јачи, а и лакше је када нисте сам у паклу!”), вели дека регионот е  под притисок, а  “Руси су забринути”. Толку се загрижени, вели Вучиќ, што Путин на два пати му ја прекинувал изјавата за новинарите, за да го потпраша уште нешто!?

Големите сили (не верувам дека Вучиќ е задоволен што тука не ја сместуваме и Русија!) повторно си ги одмеруваат силите на овие простори, поради што е сосема логично, што ситуацијата во регионот била темата за која најдолго разговарал со својот домаќин, рускиот претседател Путин за време на посетата на Москва.

Вучиќ прецизираше дека разговарале за регионот, односно за сите предизвици на нестабилноста.

“И oпет”: “Желео је да чује о томе шта ја мислим о догађајима у Македонији, Црној Гори, БиХ…и изнео сам свој став” – додава Вучиќ. Секако, најповеќе разговарале за тоа, за различните влијанија однадвор, и “свакако из призме шта су српски интереси!”.

Запрашан како на тоа одговорил “товариш” Путин, Вучиќ ќе прецизира дека, рускиот претседател главно ги повторил ставовите усогласени од руското раководство, а кои јасно ги кажува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

И, сега, внимавајте што е немашање во туги дворови и до каде допира “стратешкото пријателство” на оската Груевски-Вучиќ-Орбан: “Мислам дека се премногу загрижени (Русите, де!) и тоа би можел да го објаснам на начин (парабола –м.з!) дека колку што западните сили поддржуваат влада на Заев со албанските партии, толку ми се чини дека рускиот претседател не е на таа страна ! (“ако не и мало више!” – м. з).

Александар Вучиќ Велики, иако беше експлицитен во Москва, иако Путин на два пати го “враќал на бис”, да му дообјасни уште некое нејасно прашање, најде за потребно, уште малку да се дообјасни, сега, преку Пинк телевизија.

“Реков дека постои опасност и постојан притисок внатре во многу земји поединечно во регионот, а исто така да не постои сомнеж за тоа дека постои присуство на различни надворешни фактори, со различни влијанија и различни интереси” – ќе дообјасни Вучиќ, “овластениот претставник на регионот” кој во разговорот со Путин искажал загриженост за неговата стабилност.

Е, сега јас незнам кој го овластил Вучиќа, да не застапува, така срчано, пред президентот на Руската Федерација!? Ако некој друг, пак, знае, нека ми објасни. Ако, пак, има повеќемина, неинформирани како мене, тогаш редно е заеднички да го прашаме пратеникот, извинете – објективно непостојниот шеф на македонската дипломатија, или, ако ни биде дозволено – сеуште постојниот шеф на “сеуште постојната” македонска држава!

Е,па , драг претседателе Иванов, ако си го овластил Вучиќа на ваков начин да не застапува, кажи ни, успокој не! Ако,пак, не, зуцни нешто, побуни се – согласно дипломатскиот кодекс и правила на однесување. Јас не мислам, како Вучиќ, ама не можам да стигнам до Брисел и да побарам објаснување од Хан, на пример. Должен е во мое име, тоа да го стори мојот претседател. Тоа што мора, претходна и самиот тој да побара дозвола од оската : Груевски-Вучиќ-Орбан”, не е мој проблем.А,не дека не е и мој проблем тоа што го отакачи Хан!

Иако, не можам да се дистанцирам, и да речам дека не е мој проблем, што Груевски не му го дава авиончето на Прецедателот да скокне до Сочи за “да си намигнат” со Путина!? Исто, како што не можам, а да не се дистанцирам, од “уката” на Прецедателот, кој олимпијадата во Сочи, ја супституира со приватна посета на Москва, каде на престижниот универзитет Ломоносов, им кажуваше на професорите и студентите дека, најголемиот крвник после Сталина, Георги Маленков, е од Македонија, од семејството Маленкови од Охрид.

Нешто од што се срамат будалите (и денешните Руси), за нашиот Прецедател е гордост и “референца” за руско-македонското пријателство и вековно взаемно наследство!!!!