Захариев со пегличката пак ќе ги „пегла“ штипјани?

По само 2-3 месеци Илчо ја замени пегличката со овој модерниот, служебен автомобил со кој возењето е бесплатно

Штип, 17.04.2017

  • Кој трик ќе го смисли Нарцисот во неговата лажовна лабораторија? Оној со пегличката му помина пред четири години, што е на ред сега? И дали штипјани одново ќе бидат „извозени“ со пегличката и работно време во кое не работи никој нормален..

Градоначалниците од истокот бараат продолжување на мандатите, а Илчо Нарцис Захариев се подготвува за нова изборна трка. Иако еднаш рече дека нема да бара нов мандат, во Штип се повеќе се говори дека тој сепак ќе биде вмровскиот избор.

ilco-zaharievПред четири години, кога го доби мандатот, Захариев се послужи со два трика. Првиот беше во неговото искажување дека ќе работи за доброто на сите граѓани. Дека ќе  биде скромен и одговорен. Па како потврда на скромноста во приказната ја вметна пегличката. Тоа е оној мал, прастар автомобил кој по нашите патишта беше во мода пред половина век. Вториот трик му беше во изјавата дека акот затреба тој нема ни да спие, ако тоа е за доброто на Штип и на штипјани. Па уште обзнани, јавно секако, дека неговиот работен ден ќе започнува од 5,30 часот! Без оглед на фактот дека секој нормален човек работите ги извршува во едно нормално работно време, а ако има повеќе работа тоа одново го прави во нормално време. Да речеме после 16,30 часот.

Но, народот му поверува. Штипјани и без тоа сакаат зашеќерени, слдникави приказни и срцепарателни биографии.  Такви какви што им ги понуди Илчо.

Но, три месеци откако седна на престолот, Нарцисот заборави на пегличката со која ги испегла штипјани. Ја смести на некое невидливо место, а за свое задоволство си ја зеде општинската лимузина. Со службениот пасат четири години си патувашеи сеуште си патува до своето село Звегор, до своето дете во Софија, Бугарија, до разни туристички дестинации.

За вториот трик. После само девет месеи како татко на градот, Илчо, во интервју за весникот Вечер се пофали дека во времето од 5,30 до 7 часот кога примал странки, примил над 8.000 граѓани!

Обичната математика вели вака: во тие 9 месеци Илчо имал 200 работни денови. Тоа значи дека за 90 минути дневно примал по 40 граѓани. Натамошната математика потврдува дека во зададеното од него време на секој граѓанин можел да му посвети по само 2,2 минути! Со огледа на познатата болест на Илчо тој да говори без усул и мерка другите само да слушаат, дојденецот имал можност само да си го каже името и презимето. И ништо повеќе. Ама, затоа пак, секој од применити му послужил на Нарцисот како бројка повеќе запишана во неговиот тефтер.

Тоа е тоа. Во изминаите четири години штипјани беа само бројка за злоупотреба.

Како што за измама и манипулација со народот му послужи трикот со пегличката.

И, што сега? Што кога Илчо пак ќе се промовира како идеја во трката за нов градоначалнички мандат? Иако во неговата зграда, во општината, над 95 проценти од вработените не го сакаат и дека велат дека за него никој не би гласал, лично мислам дека тој во неговата злобна, лажовна, нечовечна лабораторија веќе експериментира со некоја нова пегличка и со некоја нова ненормалност од типот работа од 5,30, на што му се смееше цел нормален свет но која ненормалност му донесе фотеља, многу пари и можност нечовечки да се осветува кон неистомислениците..

На штипјани е да видат дали ќе дозволат и овојпат да бидат „испеглани“ од Ило Нарцис Захариев или ќе го дадат одговорот кој многу често го слушам насекаде низ градот:

„Илчо за градоначалник, благодараме НЕ“!