КАКВО ЗНМ НИ Е ПОТРЕБНО: ЕСНАФСКА, НИКАКО КЛАНОВСКА АСОЦИЈАЦИЈА!

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, за 3-ти декември 2022 (сабота), во Скопје, го свика редовното, изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на нашата еснафска, невладина асоцијација.
Се избираат претседател на ЗНМ, членовите на Управен одбор, на Надзорен одбор и на Советот на честа.
Главниот услов за избор на претседател на ЗНМ, е, тој, или таа, да се редовни членови на ЗНМ и да ја имаат поддршка од најмалку 10 (десет) редовни членови на ЗНМ. За Управен одбор и Надзорен одбор, потребната подршка е намалена за сто проценти, или само 5 (пет) редовни членови на ЗНМ, што е соодветно и за Советот на честа. Нема потреба, ниту логика од вакво градирање (себеистакнување), ама ај нека им биде!
Како новинар со професионално искуство од над половина век, еден од постарите членови (во еден мандат и член на Претседателството), сакам да укажам само на еден сегмент од работењето (постапувањето) на раководството на ЗНМ, во смисла на тоа дека ЗНМ е еснафска, а не клановска асоцијација, односно за (не)конзистентноста на раководството.
Овој сегмент нека биде метафора, за да се препознае поширокиот контекст на делување, но, со претходна ограда, дека немам намера да се мешам и определувам, во поглед на идното раководство, посебно за првата функиција, на која, според актуелната кампања, и се припишува незнам какво значење, освен ако, личната суета не е исфрлена во преден план!?
Еве за што станува збор, односно што може да понуди прикажаната илустрација.
Согласно позитивното законодавство и Деловникот на Собранието, при изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ, како и другите регулаторни тела, во надлежната Комисија за избор и именувања, за еден член на Советот, се разгледува и предлогот (поддршката) на ЗНМ.
Колку што ми е мене познато, претседателот, во име на раководството, се потпишува само за еден кандидат, можен член на Програмскиот совет на МРТ. Врз основа на кои критериуми и со која постапка, раководството на ЗНМ избира еден од, да речеме, десетината новинари, кои побарале поддршка од ЗНМ?
Како може да се фаворизира само еден, кој и да е тој, во една еснафска асоцијација!? Ако во ЗНМ е член секој професионален новинар, ако секој член може да биде претседател на ЗНМ (со десеттмина поддржувачи!), тогаш, како може било кој член на ЗНМ, да не биде еднакво поддржан зз член на регулаторно тело во сверата на медиумите!?
На јавноста и е познато дека два, или три конкурси наназад, распишани од Собранието, на пример, за избор на нови членови на Програмскиот совет на МРТ, се пропаднати, вклучително и тековниот. Едностав но Комисијата не заседава, или оваа точка не се поставува на дневенм ред!!!???
Законодавниот дом, со ова, не само што е парализиран и нефункиционален, туку директно ги крши законите и прописите кои самиот ги донесува. Толерира, апла незаконитост! Раководството на МРТ е се одамна поминат рок, Програмскиот совет, исто така, а тоа би значело дека сите одлуки се ништавни, ништавен е самиот јавен сервис!
Јавноста тоа го знае, карванот си врви! Го знае и ЗНМ, затоа што е, на некој начин, соучесник во овој јавен циркус!
Ако е така, тогаш, каква е конзистентноста на раководството на ЗНМ, кога, ем предлага СВОЈ можен член во Програмскиот совет, ем се солидаризира со Советот во кршењето на законитоста!
Како пример (илустрација), го наведувам последното соопштениое на ЗНМ:
“Програмскиот совет при МРТ и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информираат дека во Собранието на РСМ во моментов се менува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој предвидува намалување на годишниот буџет на Македонската радио телевизија (МРТ). Овие измени се носат по скратена постапка, на нетранспарентен начин и без вклученост на претставници на МРТ како и на новинарската заедница”…
Не дека не треба да има реакција од ЗНМ, на пример, за измените кои предвидуваат средствата за финансирање на радиодифузната дејност, за работењето и развојот на МРТ, Јавното претпријатие Македонска радиодифузија и AВМУ кои се обезбедуваат од Буџетот на државата во висина од 1% да се намалат на 0.9% од реализираните вкупни приходи во годината која претходи на фискалната година. Во прашање се околу пет милиони евра .
Повикувањето до Советот на Европа, и репораките за афирмација на виталната улога на јавните радиодифузни сервиси “како суштински фактор за плурализам во медиумите”,барем за мене, не држи вода.
Можеби грешам, но, барем јас, не би потпишал, истоветно соопштение со Советот на МРТ, кој, нели, “предупредува дека јавниот сервис не може да биде важен извор на точни, навремени и плурални информации ако не биде независен од разни политички и економски влијанија”, а знаеме со какви политички влијанија е конституиран, кога и од кого?
Знаеме од кои “соображенија” поранешниот претседател (од поранешното мнозинство во комисијата), Илија Димоски, цел мандат, или два (!), не ја поставуваше точката на дневен ред, како што денеска (со новото мнозинство), не знаеме ниту кој е претседател, ниту зошто точката не се поставува на дневен ред!?
Веќе осма година е така!!!
Верувале,или не!:
Случај за Рипли !!!
                                                                                 Веле Митаноски