Катица е нашиот Џим Гарисон

Специјалната обвинителка Катица Јанева е нашиот Џим Гарисон. Тоа е државниот јавен обвинител на Америка, кој на оваа функција111-garrisonbw_1беше во периодот од 1961 до 1973 година, и кој најупорно и најдолго го истражуваше убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, кое се случи во 1963 година.

Во тие пресудни за Америка години, Џим Гарисон работеше, се хранеше, спиеше и размислуваше во својот кабинет. Еден ден, кога отишол да го види своето семејство, неговата сопруга му забележала дека поради неговата силна посветеноста на работата неговите деца ќе пораснат без својот татко.

ПОДОБРО ИЗВЕСНО ВРЕМЕ МОИТЕ ДЕЦА ДА РАСТАТ БЕЗ ТАТКО ОТКОЛКУ ЦЕЛ ЖИВОТ ДА ЖИВЕАТ ВО РАСИПАНО ОПШТЕСТВО“.

Ваков одговор дал американскиот државен обвинител на својата сопруга и заминал во својот кабинет.

Таква е мисијата и на нашата Катица, најекспонираната личност на јавната македонска сцена од моментот на основањето на СЈО па до денес. На Специјалното обвинителство кое има најголема поддршка кај народот, од цели 67 проценти, што досега не се има случено ниту со една политичка партија, ниту со МПЦ, ниту со колективи и личност од областа на спортот, културата, уметноста, бизнисот…

Сигурен сум дека Катица, исто како и Џим Гарисон, често преспива во својата работна соба. Убеден сум дека и таа, како и нејзиниот американски колега од шеесеттите години на минатиот век, не сака македонските граѓани да живеат во расипано општество. Дека е така, говори силната поддршка која нашата Катица и нејзиното СЈО ја имаат од нашиот народ кој во Катица (за народот светица) и во нејзиниот тим препознa луѓе кои  имаат цврста намера да го (п)оправат нашето одамна расипано општество.

А оние кои сакаат да се убедат во вистинитоста на големата мисла на Џим  Гарисон им препорачуваме да го погледнат филмот ЏФК на Оливер Стоун со Кевин Костнер во улогата на Гарисон. Таму ќе ја слушнат и репликата која ни дава за право нашата Катица да ја споредиме со легендарниот американски државен јавен обвинител.

Иван Бојаџиски