КОЧАНИ: Седумнаесет општински стипендии за студенти

Кочани, 21.12.2018

Седумнаесет од деветнаесетте пријавени студенти ќе бидат корисници на студентските стипендии од Општина Кочани.

Според одлуката за доделување стипендии на студенти на јавните високобразовни установи во Република Македонија, десет стипендии се доделени на категоријата студенти кои оствариле успех во текот на студирањето,  една е од категоријата студенти од ромска етничка припадност, три стипендии се за студенти од социјално ранливи семејства и четири за студенти на медицински науки.

Стипендиите чиј месечен износ е 3.000 денари се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.

Двајца од кандидатите, согласно условите од Правилникот за доделување стипендии, не го исполниле условот за остварен успех во текот на студирањето, поради што се одбиени. Рокот за поднесување приговор по донесената одлука е пет дена, по што ќе  бидат потпишани договорите меѓу студентите и Општина Кочани.

Од оваа година, со одлука на Советот на Општина Кочани, се зголеми бројот на корисниците на стипендии, како и висината на месечниот износ на стипендиите.