Лаги, лаги, лаги… до кога?

Штип, 20,02,2018

Милан Васиќ, раководител на ПООУ „Гоце Делчев“ – населба Три Чешми
Милан Васиќ,
раководител на ПООУ „Гоце Делчев“ – населба Три Чешми

Повод на мојата реакција е изјавата на врвот на ДПМНЕ по повод присуството на Министерката за образование и наука Рената Десковска, при пуштањето во употреба на новата спортска сала во училиштето „Славејко Арсов“ во населба Баби. Министерката го посети училиштето и ништо повеќе.

Ако се навратиме малку поназад (десетина години) при изградбата на училиштето кое го раководам сега (а и тогаш), ПООУ „Гоце Делчев“ во населба Три Чешми, ќе видите како се однесуваа луѓето на ДПМНЕ, да почнам со ред.

Училиштето во населба Три Чешми се градеше 2006 година со донација на Швајцарската влада – Агенција за развиток и кооперација (70% од средствата), Владата на Република Македонија предводена од страна на СДСМ (20% од средствата) и локалната самоуправа предводена од градоначалникот Панде Сарев (10% од средствата). Донацијата ја обезбедивме ние како тим од училиштето, тогашната Влада на Р.М. веднаш ги уплати 20 % од средствата потребни за реализација на проектот. Локалната самоуправа своите 10 % требаше да ги реализира во вид на поставување на ограда околу дворот на училиштето и уредување на внатрешниот дел на дворното место на училиштето, вкупната сума беше рекордни 192.000 евра. Во договорот стоеше дека при реализација на проектот за реконструкција на училишната зграда превозот на учениците од населба Три Чешми до градот Штип ќе го подмири Владата на Република Македонија.

И што се случи?

Изградбата на училиштети заврши за 6 (шест) месеци, а во меѓувреме дојде промената на власта во Република Македонија на парламентарните избори во 2006 година. Новите луѓе во Министерството за образование и наука НЕ САКАА да го испочитуваат договорот за превозот договорен од претходната постава на министерството, и тогашната локална самоуправа бараше своите 10 % (192.000 евра) да ги пренасочи кон превозникот од кој добивме тужба за неисплатени обврски за превоз на ученици.

Училиштето во населбата Три Чешми е изградено во времето на СДСМ кога градоначалник беше Панде Сарев, со рекордни 192.000 евра, но цели 11 години со училиштето се гордее ВМРО ДПМНЕ лажно претставувајќи го како свој успех иако во него ниту шајка немаат заковано…

На отварањето на училишната зграда, беше поканет и новиот тогашен премиер (Груевски), а тој, заедно со тогашниот градоначалник Панде Сарев го отворија училиштето, при што тогашниот премиер Груевски во говорот излажа дека НЕГОВАТА ВЛАДА го изградила училиштето иако не беа ни на 100 дена од новата влада иако немаа никакава допирна точка со проектот, нивна обврска беше само да го испочитуваат договоребото од нивните претходници. Тие со доаѓањето на власт во 2006 година направија само зијан од 19.200 евра кои ќе се искористеа учениците од населба Три Чешми да имаат подобро уреден училишен двор а со тоа и побезбеден.

Од тогаш до сега во неколку изборни циклуси на претставувањето на митинзите на ДПМНЕ во населба Три Чешми лажеа дека тие го изградиле училиштето, при што на пратениците од ДПМНЕ од Штип и беше омилена лага на парламентарните сесии кога стануваше збор за достигнувањето на образованието во Штип заслуга која секогаш си ја препишуваа самите иако немаа никаква заслуга.

Јас како тогашен раководител на училиштето, а од неодамна и сегашен раководител, сум посебно горд што бев во тимот што обезбеди најголема сума на пари (еднократна), за реновирање на училиштето.

Лагата има кратки нозе, господа од ДПМНЕ !

Се сеќавам и за отварањето на реновираната спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип во 2009/2010 година, новата локална власт само ја пушти во употреба истата и тогаш господата од ДПМНЕ излажаа дека тие ја граделе – реконструирале. Се сеќавам и на една од социјалните згради во населбата Сењак, која ја изгради владата предводена од СДСМ (2002/2006 година), а Дпмне како по обичај само ја пушти во употреба и се пофали дека ја изградиле тие.

Овие три случаи се само мал дел од многуте лаги на луѓето на Дпмне.

Па до кога „господа“ ??? Дали размислувате како се чувствувале луѓето кои работеле на овие проекти, а вие ги крадевте …