Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ-добитници на наградата „Струшко слово“

Струга, 27 мај 2019

Редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, во рамките на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ – 2019, годинава, по петти пат ја доделува меѓународната награда „Струшко слово“.

Годинешни добитници на наградата „Струшко слово“ се Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ.

Наградата „Струшко слово“ќе им биде врачена на завршниот дел на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ – 2019, што ќе се одржи од 4 до 6 јули во Струга, Охрид и Вевчани.

Досегашни добитници на наградата Струшко слово се Валерио Орлиќ и Никола Шимиќ Тонин(Хрватска), Ѓорѓе Добре(Романија), Жарко Милениќ (БиХ), Мујо Буќпапај(Албанија), Васил Тоциновски, Виолета Димова, Панде Манојлов и Јордан Ѓорчев (Македонија).

Капушевска Дракулевска, е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје.

Наградата доаѓа како логична потврда на нејзиниот досегашен ангажман во полето на книжевноста и културата, како во земјата, така и во светот.

Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC/ENCLS) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA).

Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски тестови и компаративно проучување на книжевните феномени (македонската литература во европски контекст, имагологија, интеркултурни релации, меморија и уметност). Друштвото на писатели на Македонија, оваа година на Капушевска и ја додели наградата за критика „Димитар Митрев“ за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“, објавена 2018 година.

На Мустафа Спахиу, писател, поет, преведувач, новинар и литературен критичар, наградата му се доделува за особени заслуги во неговото творечко дело, прогресивната мисла и за подобрување на културно пријателство во на балканските простори.

Недељко Терзиќ, писател, поет и драмски автор, наградата ја добива за особени заслуги во градењето на непремостивото пријателство меѓу авторите и државите на Балканот и пошироко.

Мустафа Спахиу е современ албански автор поет, писател, новинар, преведувач и литературен критичарод Косово. З

Завршил Педагошка академија (албанска книжевност) во Скопје.

Во литературата дебитирал со поетската творба за деца во 1965 година во весникот за деца Flaka për fëmijët tanë/Пламен за нашите деца. Соработувам со повеќе списанија за деца од просторите на поранешна Југославија.

Превел преку 30 книжевни дела на македонски, хрватски, босански, српски, црногорски, турски и албански автори.

Автор е на близу 40 свои и преведени книжевни дела .

Член е на друштвото на писателите на Македонија и Член е на Друштвпто на албанските писатели во Македонија и на книжевните друштва во Елбасан и Драч во Албанија.

Недељко Терзиќ живее во Сремској Митровици – Србија.

Автор е на бројни книги поезија, проза и драмски текстови.

Со поезија и проза застапен е во повеќе од 80 антологии, а избор од неговото книжевно творештво објавувано е во Русија, Германија, Ерменија, Полска, Романија, Бугаријажа, Словенија, Македонија, Србија…

Преведен и препеан е на англиски, германски, јапонски, италијански, француски, грчки, турски, бугарски, романски, полски, македонски, унгарски, руски, ерменски, шведски, шпански, словенечки, украински, литвански, русински, ромски, албански и есперанто.

Член е на Друштвото кна писателите на Војводина и на Друштвото на писателите на Србија.

Веле Митаноски