Младите штипјани денес и утре на својата прва Олимпијада

67

Штип, 19.05.2018

Денес и утре во Штип ќе се одржува првата Младинска спортска олимпијада. Овој настан е измислен во креативната работилница на неодамна формираниот Совет на млади на општина Штип. Идејата е спортот како рекреативна форма да им се врати на младите штипјани.

Денес Олимпијадата старува со натпревари во тенис. Пријавени се 21 млад тенисер. Натпреварите започнуваат во 11 часот на тениските игралиште кај „Елкос“ во населбата Сењак.

Попладне во 16 часот на кошаркарското игралиште во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ ќе се натпреваруваат 12 екипи.

Утре напладне во 12 часот стартува трката во штафетно трчање во која ќе учествуват четири екипи. Целта е кај градската црква „Свети Никола“. Во времето на трката која ќе трае до 13 часот оваа улица ќе има изменет режим на сообраќај.

Утре, недела, 8 екипи во фудбал со почеток во 16:00 часот на фудбалски терени Автокоманда ќе се натпреваруваат за победник.

Свечената церемонија за доделување на медалите, пехарите и наградите ќе се одржи утревечер со почеток од 20:30 часот во Дом на Млади Штип.

За секое освоено прво место следува кароке подвижен-безжичен звучник со светлечки ефекти USB, Bluetooth,микрофон. За останатие места вредносни ваучери од спонзорите на Младинската спортска олимпијада.