Нестор Огинар, потпретседател на МНС: “ Каква Македонија сакаме ?”

Њујорк, 26. јануари 2017

Формирањето на Семакедонскиот национален совет-Македониум, преставува историски одговор од страна на Македонците ширум светот на еден предизвик,на едно одамна поставувано прашање : Каква Македонија сакаме ?

Ова, во изјава за МЕТА, го рече професор Нестор Огинар, потпретседател на МНС, додавајќи дека новата асоцијација, во исто време, е и природна ,инстиктивна реакција на самоодбрана на еден народ чиј што глас е систематски и методично запоставуван со повеќе генерации на назад.

– Тоа е природен и доброволен став на една нација, нашата македонската, на една неоходна историска потреба од само организирање и одбрана од повеќе чинители, домашни и туѓи, што го попречуваат националниот и демократски подем на Македонија како заедничка, историска татковина на македонскиот народ – додава професор Огинар.

Според Огинар, тоа преставува и неотуѓиво, неприкосновено право на македонскиот народ да ја исполни историската празнина направена од оние кои што со години наназад, па се до денес, имале можност да направат нешто повеќе отколку што досега е сторено.

– Соочени со безпатицата во која Македонија талка 26 години од осамостојувањето, соочени со безизлезноста и безидејноста во која Македонија е прогресивно туркана, македонскиот народ, кој се чувствува непреставен преку постоечките партии и невладини и други организации, го ползува своето историско право , но уште повеќе и својата историска обврска, да се обиде да го даде својот придонес во процесот на дефинирање на македонската држава, на македонската нација, на семакедонскиот идеал за кој се бореле безброј генерации пред нас под паролата:”Македонија на Македонците” – вели Огинар.

Професор Огинар дообјаснува дека МНС -Македониум не е осмислен како паралелна, или ривалска оргнизација на ниту било која постоечка македонска организација, вклучително и таа на СМК, туку, преставува оправдан историски израз на едно време кое бара надополнување на се она што досега не е остварено, на се она што досега, поради било какви причини, нема родено плод онаков каков што им е потребен на Македонија и македонскиот народ.

– Време е, ние Македонците, се соочиме со вистината дека одговорот на прашањето: “Каква Македонија сакаме?” не може и не смее да им биде оставено на оние кои досега имале безброј прилики да го одговорат. На оние кои, со умисла,или без неа, ја претворија Македонија во безличен, непрпознатлив, недефиниран простор на мапата на Европа и едно големо историско име го претворија во нечујно ехо на сите жртви поднесени од стотици генерации Македонци и Македонки.Време е да објавиме јасно и гласно дека не постои партија, организација, претедател, или било кој друг чинител кој што може да зборува од името на бројниот македонски народ, распрскан низ сите меридијани на светот. Да се разбудиме од сонот, зашто само ние Македонците можеме да ја дефинираме, да ја изградиме, да ја дооформиме Македонија и како држава и како нација чие што место заслужено припаѓа на мапата на Европа и светот – вели за МЕТА, професор д-р Нестор Огинар.(Крај)

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе