Ќерката Сашенка по смртта на Гоце Тодоровски: „Кога замина Ванчо, замина и дел од тебе – сега сте тандем и на оној свет“
Сашенка, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски, со емотивни зборови се прости од својот сакан татко.
Таа на Фејсбук откри дека тој починал, иако лекарите се обиделе да го реанимираат, но и дека сега повторно ќе се најде со својот најдобар пријател, кум, со својата втора половина, Ванчо Петрушевски, на другиот свет, па и таму ќе бидат тандем, како и овдее.
„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина.
Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба. Го напушти овој свет, а ми вети…
Срцето не издржа, престана да работи.. го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше.
Не издржа бе татко, невидена желба за живот…
Лесна ти земја татко мој вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено. Сега летај со ангелите…
