НИКОЛОВ: Испраќаме позитивни пораки од рудниците на животот

Радовиш, 28.08.2017

Македонските рудари денес го прославија 28 август, Денот на рударите. Од единствениот рудник за бакар во нашата држава Бучим кај Радовиш, испратија пораки до граѓаните дека не треба да им веруваат на политичари кои никогаш не стапнале во ниту еден рудник, кои немат никакви познавање од оваа стопанска гранка, а не се стегаат меѓу народот да сеат паника од видот дека нашите рудници биле рудници на смртта!

На Борово Дол работат десеттина археолози и 120 работници
На Борово Дол работат десеттина археолози и 120 работници

„Од ова места, на овој светол ден на нашите рудари, испраќаме порака до сите граѓани на Република Македонија дека македонските рудници не се рудници на смртта како што тврди еден неодговорен политичар и лидер на политичка партија, туку се рудници на животот. Прашајте ги жителите на Радовиш, Пробиштип, Крива Паланка, Македонска Каменица и тие ќе ви ја кажат вистината дека нивните рудници донесоа многу добар живот во нивните некогаш пасивни места“, рече Николајчо Николов, заменик генерален директор на овој рудник.

Според Николов, неодговорни лица кои имаат некаква моќ во државата водат вистинска хајка против развојот на рударството на Југоистокот од државата. Тоа внесува страв кај оние кои веќе инвестираат како и кај оние кои се подготвени да инвестираат во развојот на оваа стопанска гранка.

 Зидини од рударска населба
Зидини од рударска населба

„Од ова место само можам да порачаме дека ние одиме по својот пат на успехот. Бучим годинава остварува најдобри резултати во целокупноста на своето 38 годишно постоење. Токму годинава, во месец април, имавме производство на 107 килограми злато, а во месец јуни производството на злато се заокружи на 101 килограм. Се разбира, остваривме и импозантни резултати во производството на бакар и со тоа во значителна мерка е подобрена економијата на рудникот“, потенцира Николов.

Но, она кое во моментов преставува елемент на несоница е фактот дека со потенцијалот на своите постојни копови кои во рудникот се експлоатираат 38 години, Бучим ќе може да работи најмногу до 2020 година, а тоа е веќе утре. Опција за продолжување на работниот век е блискиот локалитет Боров Дол каде се завршени геолошките истражувања.

„На Боров Дол има утврдени рудни резерви за работа до 2032 година, а со доистражувања сметаме дек животниот век на Бучим ќе се продолжи до 2042 година. За Боров Дол имаме студија за заштита на животната средина изготвена од релевантна институција, ќе има работа са уште 200 лица, со Боров Дол уште повеќе ќе имаме живот во овој крај“, рече Николов.

Тој ја истакна одличната соработка со Владата, потврди дека се приклучуваат кон нејзината мерка за повисоки плати за работниците. –„Во моментов просечната плата во рудникот изнесува 460 евра, добрите резултати кои ги остваруваме и проектот на Владата за поголеми плати не инспирира веќе од идниот месец платата на вработените да ја зголемиме за 10 проценти, а од првата половина на идната година за уште толку“, најави Николов.

Вицепремиерот за економски прашања рече дека Бучим е светол пример на националното стопанство, колектив во кој се води сметка за работниците, за условите при работа, за заштита на животната средина и за законските права на рударите. Владата ќе ги поддржува сите позитивни проекти кои ќе ги задоволат најдобрите светски технички стандарди, ќе води грижа за интересите на компаниите, градовите и регионите како и за интересите на граѓаните. А тоа може да се направи со заедничка работа на сите инволвирани во еден процес.

„Рударството е една од главните индустриски дејности во нашата држава.Имaме 190 компании со 6.500 вработени, а индиректно во овој сектор работат 500 компании со 13.000 вработени. Рударството остварува 5 проценти од вкупниот извоз, и 9 проценти од вкупното производство во Македонија, Тоа говори колку овој стопански сектор е важен за сите нас, зашто без рудниците многу пасивни градови и општини немаше да го доживеат својот просперитет“, рече вицепремиерот Анѓушев.

На свеченоста на 40-на вработени им беа врачени награди за остварените резултати во успешната година на рудникот.