Објавен Kонкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Струга, 21. декември 2016

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“, од Струга, по седми пат, распишаа конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Расказите, односно песните, не треба да се претходно објавувани. Секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови. Ракописите во четири примероци поддршка треба да се испратат, најдоцна до 20 април 2017 година, или по електронски пат на:

raskazchachanski@hotmail.com  zbirkakoteski@hotmail.com

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Васил Тоциновски.

 

(с.б.)