Охрид под окупација на митингашите од ВМРО ДПМНЕ

Охрид, 21.11.2016

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, согласно традицијата, изборната кампања ја започнува со митинг на градскиот плоштад во Охрид. Бината е готова, веќе се тргнати долгите карвани од автобуси, комбиња и лесни возила, со митингаши од сите краишта на земјата.

ohrid-setalisteКако и досега, Охрид, попладнево и вечерва, ќе биде под целосна окупација од страна на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. На традицијата и заедничкото минато, инсистира и ВМРО-НП, заедно со коалицијата ВМРО за Македонија, која теренската кампања, исто така, ќе ја почне од Охрид, но утревечер за да не се сретнат изборните карвани. Од владејачката партија најавија интензивна и богата кампања, која ќе опфати повеќе сегменти.

ohrid-prolet– Ќе одржуваме и митинзи, а ќе имаме и средби со граѓаните. Кампањата ќе ја водиме и низ електронските и низ печатени медиуми, а и преку спотови – вели Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

A во Oхрид денес доцноноемвриска пролет Преполни летни бавчи по кафулињата, раздвиженост по старата чаршија, весели прошетки и уживање по должината на крајезерското шеталиште. Кајчарите сеуште не се предаваат, ги има во голем број кај пристаништето, ohrid-prolet-kafaniи натаму има заинтересирани да прошетаат по езеро до Канео,или Свети Стефан. Тоа е денешната слика на Охрид, облеан во светлина и сонце, на плус 14 степени целзиусови. Според прогнозата на синоптичарите сончевото и пријатно време во Охрид ќе продолжи и во текот на целата седмица. Преку ден температурата ќе се движи од 12 до 14 степени, а минималната ќе се движи помеѓу вториот и шестиот ohrid-kraj-ezeroстепен. Дестабилизирање на времето и врнежи од дожд се очекуваат во текот на престојниот викенд, кога максималната температура ќе биде од 8 до 11 степени, а минималната од 2 до 4 степени целзиусови.

(м.б.)