Посветеност, упорност и одлична координација, гарант за беспрекорна образовна клима

Интерву: Горан ИВАНОВ, дирекор на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница

Основното општинско училиште “Славчо Стојменски” е вистински пример за оживувањето на образованието и условите за одвивање на образовна настава во Виница. Во изминатите години постојано се инвестира и се подобрува работната клима во училиштето. Со поставувањето на директорската палка на Горан Иванов, училиштето уште повеќе, со уште позабрзан ритам, оди напред и постојано се усовршува и напредува. За краток период реализираше многу проекти, а неговите планови за во иднина се уште поголеми. Си директорот Иванов разговораме за досегашниот влог во училиштето и за идните планови и приоритети.

vin02_800x600Истокпрес:  Oд неодамна бевте поставени за директор, а претходно работевте како наставник по одделенска настава. Какви се вашите досегашни впечатоци, односно колку е тешко или лесно да се раководи со оваа институција и што е ваш предизвик во работата.

Иванов: Да,  до пред  две години бев наставник од прво до петто одделение, а сега сум директор.Тоа е комплетно различна функција, бидејќи до скоро имав по пет часа во денот по што си заминував од работа, а сега работата е многу обемна и многу  одговорна. Кога се има предвид  дека раководам со  70 вработени  и околу 600 деца, тоа ја дава вистинската слика за разликата помеѓу професијата наставник и директор. Моето работно време сега е неопределено, во зависност со обемот на работата која ја имам сега. Така да, можам да тврдам дека е сосем различно да се биде наставник и да се биде директор.

Истокпрес: Го имате ли неопходното ниво на разбирање и соработка со учениците, родителите, наставниците и локалната самоуправа?

Иванов  Се разбира дека ја познавам ситуацијата на наставникот. Впрочем јас бев наставник 15 години. Моја желба е секој наставник да биде удостоен за неговото барање, личност сум која е комплетно посветена на моите колеги и мислам дека тука е клучот за добро функционирање на училиштето. Добриот тим и добрата стратегија ме прави добар раководител, а со доброто функционирање на училишниот тим ги решаваме сите проблеми како на децата, така и на родителите.

Целосната функционалност и добриот тим на училиштето ќе биде залуден, ако тука не се одржува баланс и соработка со локалната самоуправа, што е неопхпдно за перфектно функционирање. Во нашиот случај, поддршката која ја уживаме од локалната самоуправа е одлична, што значи да немаме проблеми и функционираме одлично.

vin03_800x600Истокпрес: Сите растеме обликувани од средината околу нас. Во каква средина би сакале да растат учениците во ООУ„Славчо Стојменски“ ?

Иванов: Креативна, стимулирачка средина, каде се поттикнува љубопитноста на учениците и мотивацијата за учење, преку современа, активна и индивидуализирана настава, каде се води поголема грижа за интересот на секој ученик, како и специфичностите карактерични за одделните развојни периоди низ кои поминуваат учениците. Средина која ги нуди најдобрите услови за престој и учење, во која ученикот е во центарот на вниманието и се почитува принципот на „најдобар интерес на детето“ односно средина каде сите возрасни учесници во воспитно – образовниот процес во начинот на реализација на своите активности и своето однесување, при донесување на одлуки, секогаш да го имаат во предвид најдобриот интерес на учениците.

vin04_800x600Истокпрес:  Во изминатите години условите за настава  се значително подобрени.  Што доби училиштето и колку се подобри образовниот процес благодарение на тоа?

Иванов: OOУ “Славчо Стојменски” е најстаро училиште во градот и едно од најстарите училишта во државата. Со текот на времето кога едно училиште не се одржува, во смисла не се реновира и реконструира тоа по природен пат остарува  и огрдува од сите надворешни, па и внатрешни појави, со тоа и условите за работа се отежнати, како за децата, така и за наставата. Немате квалитетна настава ако не сте во тек со времето, односно модернизацијата на времето делува и кај нас како воспитно образовна институција. За овие  години,  училиштето “Славчо Стојменски” стана симбол за училиште во градов, на кое комплетно му се промени ликот.

  • Реновирани се училници и поставени нови шкафчиња и завеси;
  • Направени се три нови современи и модерни училници;
  • Отворена е училница за ран детски развој во ПУ во с. Лески;
  • Обновена е наставничката канцеларија (нови столови, кујна и обнова на шкафчиња и фиоки)
  • Направена е спортска сала во ПУ с. Лески;
  • Набавени се нови дидактичко-едукативни материјали;
  • Набавени се нови нагледни средства и помагала;
  • Набавени се нови енциклопедии, уметничка литература и лектирни изданија;
  • Отворен е кабинет за програмирање со комплет опрема за роботика и робот;
  • Набавени се нови смарт табли, ЛЦД проектори, компјутери, ТВ приемници за полесна примена на ИКТ во наставата;
  • Техничкиот персонал доби нови униформи;
  • Отворена е нова спортска училишна сала;
  • Набавен е котел на пелети со комплет опрема за загревање на новата сала;
  • Обезбеден видео надзор и разглас за училишната сала;
  • Изработена е заштитна мрежа за одделување на спортските терени од салата;
  • Осветлени се критичните места во дворот на училиштето и непосредната околина;
  • Заменете се неонките со ЛЕД штедливи сијалици;
  • Во изградба е Амфитеатар – летна училница во училишниот двор за настава во природа ( со патеки и фонтана)
  • Хортикултурно е уреден училишниот двор;
  • Поставени се нови канти за фрлање на отпадоци и нови клупи за седење;
  • Уредени се катчиња во училиштето;
  • Изработена е училишна химна, спот и ВЕБ страна;
  • Изработена е монографија за ООУ “Славчо Стојменски“

Со еден збор изгледот на ова училиште е целосно променет во една посакувана, позитивна смисла.

vin05_800x492Истокпрес: Кои се вашите планови и цели за иднина

Иванов: Остварување на визијата и мисијата на училиштето односно создавање на модерно и современо училиште со позитивна клима за работа и меѓусебно почитување, кое создава успешни, хумани , чесни и креативни граѓани кој што придонесуваат за развој на општеството се моите приоритетни цели. Најглавните приоритети во училиштето биле, и уште се неколку:

  • Унапредување на соработката со родителите;
  • Опремување на училиштето со инвентар за потребите на активна настава;
  • Збогатување на наставата со современи дидактички средства и помагала;
  • Збогатување на училишната библиотека со книги и друга стручна литература;
  • Збогатување на нагледноста во наставата за деца со посебни образовни потреби;
  • Реновирање на спортски терени во училишниот двор во матичното и подрачните училишта;
  • Естетско доуредување на училишниот двор;
  • Замена на подовите во училниците;
  • Планирам да ги уредам скалите во училиштето и ходникот кои низ годините си го зеле делот, што исто така ќе биде една покрупна инвестиција;
  • Како приоритет во моето директорување, исто така е да поставам во секоја училница смарт табли, кои сметам дека во ова модерно време ќе вршат многу работа за наставниците и учениците;

Тоа мојата идеја водителка во моите планови за иднина, кои секако се насочени кон подобрување на условите за работа и учење, каде секогаш во центарот на вниманието се учениците, а во насока на градење европско модерно училиште.

Истокпрес: Кои се вашите лични желби, како би сакале некогаш да го оставите  училиштето?

Иванов: Моите лични желби во однос на иднината на училиштето: би сакал како и досега ученикот да биде во центарот на збиднувањата во училиштето и сите активности што се превземаат и што би се превземале секогаш да бидат во интерес на учениците. Да имаме убаво естетски дотерано училиште, опремено со современи наставни помагала, добро одржани и максимално искористени спортски објекти, опремени кабинети, убаво среден училишен двор, наставен кадар кој секојдневно се надоградува, со тимска работа и посветеност заедно со стручната служба секогаш и максимално ги користи сите расположиви ресурси и реализира една современа настава во интерес на учениците.

Истокпрес: За крај една порака до вашите ученици и до вработените во ООУ “Славчо Стојменски”-Виница.

Иванов: Достојно  да го носиме името на патронот Славчо Стојменски, да продолжиме како и  досега по патот на успехот. На нашите ученици нивните остварувања во училиштето да им бидат силна основа за понатамошно образование и изградување во одговорни и успешни граѓани, да бидат гордост на нивните семејства и нивните наставници и идни градители на нашиот град и нашата држава.

                                                            Разговарал: Иван Бојаџиски