СДСМ Штип: Тотален хаос во ВМРО ДПМНЕ

Штип, 21.08.2017

  • Во изминатите 11 години Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ успеа преку 600 илјади наши граѓани да ги направи мигранти по белиот свет. За тоа казната ќе ја добиете на наредните Локални Избори

Штипското ВМРО ДПМНЕ преку своја нова инсталација наречена граѓанска иницијатива „Будење“ во центарот на Штип започна да собира потписи против, како што ги убедуваа луѓето „изградбата на станови за бегалци во Штип.

Овој чин од страна на СДСМ Штип е оценет како факт дека ВМРО ДПМНЕ е во тотален хаос кој очајнички се обидува преку пласирање на лажни вести преку најразлични нарачани кампањи да внесе страв кај граѓаните.

-Колку и да се кријат позади вакви нарачки, конструкции и манипулации кои ги организираат, нема да успеат да го сокријат криминалот во кој се длабоко навлезени. Преку ширењето на лажни информации за наводно трајно населување на неколку илјади мигранти и нивно вработување, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги сокрие последиците од 11 годишното криминално владеење на централно и локално ниво“, реагираат штипските социјалдемократи.

Тие повторуваат дека нема да се градат станови за бегалци или било какви кампови,ниту во Штип, ниту во било која друга Општина во Македонија, дека тоа не е точно, дека ВМРО-ДПМНЕ лаже.

-Граѓаните да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци. И ништо повеќе од тоа“, велат од СДСМ и додаваат:

-Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 со која што денес ВМРО-ДПМНЕ ги плаши граѓаните е само продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година, донесена од тогашната Влада предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за документ што служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.

Злосторничкото здружение инсталирано во ВМРО ДПМНЕ ќе треба да одговара за сите злоупотреби и за сите украдени народни пари. Во изминатите 11 години Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ успеа преку 600 илјади наши граѓани да ги направи мигранти по белиот свет. За тоа казната ќе ја добиете на наредните Локални Избори.

Во ВМРО ДПМНЕ треба да знаат дека народот е буден и никој повеќе нема да може да го лаже и манипулира.

Новата Влада предводена од СДСМ ја враќа правдата и подобриот живот за сите граѓани во Република Македонија. Тоа никој нема да го запре, беше речено на пресот на социјалдемократите во градот под Исарот.