“Спартанки” збор: Заев со штитот, или на штитот!? (Анамнеза, или (НЕ)амнезија – прашање е сега!?)

Ако е точно она што ми го поткажува моето “врапче”, истото она, кое до часови го предвиде моментот на (не)предавањето на мандатот на Заев, од страна на Хорхета, тврдокорно – непопустливиот, реформите на НИНО, ги надминале и Чехов и Кафка – заедно!?
“Во нормални времиња духовно болните се наши клиенти, во ненормални како кај нас- ние сме нивни пациенти!” (Ернест Кремчар, лекар, психијатар од хитлерово доба)
Да, да, ќе виде изгледа неверојатно, но “Груевски и се е можно!” во овој “театар на апсурдот”!
Имено, кога ќе пукне и последната обвинителско – судска брана (зврлевизмот и сваровски – судстсвото!), а ќе остане само Нино, со неговите “реформи”, една од нив, наводно, се состоела во генијалниот изум: ДИЈАГНОЗАТА на примариус д-р Ставре: “Ние сме лудаци!”- да премине, да добие и своја АНАМНЕЗА!?
Наводно, за најтешките (паталошки!) случаи, веќе била отворена историја на болеста – АНАМНЕЗА, со податоци и информации за лудо-болните, која одавна се полнела со фиктивни прегледи и терапии, за во случај, ако попушти и бункерот во Јасен, да им се најдат пред судството и казнените установи!?
Да, да, делува морничаво, шашаво, ама некој, ете, си мисли дека може еден ден и да профункционира!?
Секако доколку Заев на АНАМНЕЗАТА одговори со АМНЕЗИЈА, ама тогаш, наместо со штитот и копјето напред, ќе заврши на штитот и со копјето – назад!?
Како што, ќе заврши, НА ИСТИ НАЧИН, ако дозволи Кабинетот да му го крои газда Штеки, преку голото газе-на еден Азе!?