Штипска култура е она што ќе каже Илчо

Штип, 26.05.2017

  • Во светот, во културни и други мисии, патуваат само најлојалните луѓе на Захариев, оние од неговиот потесен кабинет и јавните претпријатија. Никогаш Штип, кој е културна метропола, не бил на пониски културно ниво одколку што тоа е во времето на Захариев…Голем проблем е тоа што етаблираните културни работници цврсто одлучиле да си молчат…
Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Општина Штип, во својот билтен, најави дека утре (сабота, 27.05. 2017 година)  во Амбасадата на Република Македонија штипската, а со тоа и македонската култура ќе била претставена од Драган Ристов, сликар аматер, и м-р Ангеле Михајловски, пијанист. Според информацијата од билтенот, проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Драган Ристов е портпарол во Општина Штип, еден од првите соработници на Захарие. Тој е сликар аматер во градот кој има етаблирано (во државни рамки) Друштво на ликовни уметници на кои Ристов не е член. Ангеле Михајловски е асистент на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев, но она кое е важно за оваа нова пикатна приказна во режија на Захариев е дека тој е сопруг на Милена Ристова-Михајловска, директорка на НУБ „Гоце Делчев“ една од петте најблиски соработнички на градоначалникот.

Пред една недела во Турција боравеше штипска делегација при што штипската култура беше претставувана од КУД „Еуро Арт“, друштво формирано пред неполни шест месеци, каде главна личност е директорката на библиотеката. На оваа КУД беше придодадена и групата „Орнаменти“, каде, види чиста случајност(!?) двајца од четворица членови се Нада Наџинска, која во кбинетот на Захариев е нешто како главен градски архитект и Игно Иванов, директор на ЈП „Стипион“, и двајцата најлојални луѓе на Захариев.

ilco-zahariev11            Но, кој во Штип одлучува што е културна вредност, а со тоа и кој заслужува да ја претставува штипската, а со тоа и национална култура надвор од државата?

Советот на општина Штип има своја Комисија за култура.

„Никогаш, ама никогаш, во ниту еден случај Комисијата за култура не одлучувала по прашањето кој тоа треба да ја претставува нашата култура, посебно во странство. За сé сам си одлучува градоначалникот Захариев“, ни изјави Марија Костова, советничка од СДСМ и член на оваа комисија.

Во времето на Захариев, посебно во последните три негови години, нема човек од неговиот кабинет, од јавните претпријатија, кој не се прошетал низ европските метрополи и познати туристички центри. Секако, сите овие прошетки биле на сметка на буџетот на општината кој Илчо го наполни собирајќи го и последниот денар од сé посиромашните штипјани, па многумина велат дека би сакале да им се врати турското време зашто тогаш арачот бил поподнослив.

Актуелен директор на институција од областа на културата ни рече дека последното самоволие на Захариев со Париз и нашето „културно“ претставување таму е момент и мотив да се побунат сите вработени во културните институции и самостојни уметници со кои Штип изобилува. Но, чисто се сомневаме дека некој ќе го крене својот глас зашто како никаде на друго место во Штип вирее стравот од осветољубивата политика на Захариев, кој како и секоја стока со изминат рок на траење сеуште си седи во првата градската фотеља од каде носи полтики за бламажа на градот дури и на светско ниво…

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе