Теракотните икони од Виничко кале пред белграѓани

Белград, 03.12.2018

Теракотните икони го воспоставија првиот официјален линк помеѓу македонците во Белград и општина Виница. На покана на Здружението “Македониум“ викендов во најфреквентниот дел од Белград –Скадарлија е отворена првата изложба на теракотните икони во Србија на која се изложени 14 мотиви од колекцијата на керамичките релјефи (теракотните икони) со цел, како што рече директорката на Музеј “Теракота“ -Јулијана Иванова да се побуди интерес кај пошироката и научна јавност за едни од најексклузивните откритија од ранохристијанскиот период (5-6 век) во ризницата на македонското и светско културно наследство“.
Претседателот на одборот за култура при Националниот Совет ,Синиша Новевски(скулптор)- го потенцираше значењето на теракотните икони од неколку аспекти : -Многу ретко во археологијата може да се најде ваква збирка која е поврзана и тематски и мотивационо, но и како употреба на материјалот….
– Втората е религиозна претпоставка, се тврди дека со овие икони започнува христијанската иконографија, прикажувањето на библијата, сцените од Заветот…..
– Третиот аспект е историски, важно е ова откритие затоа што потврдува дека имаме редослед во македонското културно наследство, немаме стопирање, ова е добар континуитет кој го нема во другите држави. Ликовниот аспект е значаен,затоа што во еден од најтешките медиуми, релјефот, на многу лесен начин со помош на ликовниот јазик се претставени овие сцени, така да теракотните икони се многу значајни за нас, за Македонија“, рече Новевски.
Изложбата која е отворена до шести декември , е во рамките на Програмата од Деновите на македонска култура во Белград во организација на Здружението “Македониум“ кое го води долгогодишниот дописник на МРТВ од Белград, Елисавета Стојановска Јовановиќ,

-“Нашето здружение ова година слави десет години, ги афирмира македонските обичаи, традицијата, културата. Денови на македонската култура во Белград е седма по ред манифестација со која сакаме да ја презентираме Македонија во сите бои и домени, постојано ни гостуваат групи, ансамбли, театри од Македонија, а еве имаме чест да ни гостува и изложбата на теракотните икони од Виница“, рече Стојановска.
Отварањето на изложбата ја има комплетната подршка и од првите луѓе во македонската Амбасада во Белград. Присутните ги поздрави и нашиот дипломат Драган Митревски од Виница. Овој проект на Музејот “Теракота“ и Здружението “Македониум“ е поддржан од министерствата за култура на двете држави.

47577506_378231862913439_5939804603452227584_n_800x53002_800x53001_800x530