ФОТОГРАФИИ ОД ШТИП И ШТИПЈАНИ НА ШТИПСКОТО КОРЗО

Панорама на Штип некаде околу пеесетите години на минатиот век

Штип. 13.02.2018

  • Од кал да е – шчипјанец да е!
Пишува: Зоран Сичев
Пишува: Зоран Сичев

Посветеност,хоби,уметност,опсесија,локал-патриотизам. Може да се нарече секако,но евидентно е дека за еден месец е допаднато, или „лајкувано“ ни помалку-ни повеќе,туку 300.000 пати.

Токму така,објавените фотографии на Фејсбук-профилот „Штипското корзо“ добија над 300.000 лајкови.Ниту еден весник и ниту една книга не се печатени во толку примероци и не може да се дистрибуираат низ цел свет.Гледани се и споделувани од штипјани во Европа,Австралија ,САД,Канада. Разбудуваат спомени од младоста ,информираат за новите градби и трансформацијата на градот и се тоа со молскавична брзина благодарение на новиот медиум .

Едно од култните места на младите во Штип бил и стариот мост на реката Отиња - Штипските ерѓени седнати или потпрени на оградата од мостот некаде околу шеесетите години од минатиот век
Едно од култните места на младите во Штип бил и стариот мост на реката Отиња – Штипските ерѓени седнати или потпрени на оградата од мостот некаде околу шеесетите години од минатиот век

На некои од фотографиите -лица кои им се познати на сите штипјани,на некои пак -помалку познати, но на некого драги роднини ,комшии ,колеги,пријатели ,другарки и другари од детството кои со години ни на слика не ги виделе . За постарите, односно за оние кои поодамна паметат, а не се снаоѓаат на Фејсбук, мал дел од фотографиите објавуваме во рубриката „ Споменар“ во стариот добар медиум –нашиот весник „Штипски глас“, единствен печатен медиум лево од реката Вардар.

И да Ве замолам,драги мои штипјани, покажете им понекогаш на Вашите баби и дедовци по некоја стара слика од „Штипското корзо“. Можеби ќе препознаат некого што веќе нема кој друг да го препознае.

Посветеност,хоби,уметност,опсесија,локал-патриотизам.Може да се нарече секако,но евидентно е дека за еден месец е допаднато,или „лајкувано“ ни помалку-ни повеќе,туку 300.000 пати. Токму така,објавените фотографии на Фејсбук- профилот „Штипското корзо “добија над 300.000 лајкови.Ниту еден весник и ниту една книга не се печатени во толку примероци и не може да се дистрибуираат низ цел свет.

Штип ,изградба на кулите во месноста Пролече
Штип ,изградба на кулите во месноста Пролече

Гледани се и споделувани од штипјани во Европа,Австралија , САД, Канада. Разбудуваат спомени од младоста, информираат за новите градби и трансформацијата на градот и се тоа со молскавична брзина благодарение на новиот медиум..

И да Ве замолам,драги мои штипјани,покажете им понекогаш на Вашите баби и дедовци понекоја стара слика од „Штипското корзо“.Можеби ќе препознаат некого што веќе нема кој друг да го препознае.

И на крајот би завршил со еден коментар на наши стари штипјани во радио-емисијата „„Штипски времеплов“ на некогашниот медиум Радио Штип:

ОД КАЛ ДА Е, ШЧИПЈАНЕЦ НЕКА Е….БЕЗ ШЧИПЈАНИ АМА НИШЧО НЕ БИВА,ЗА СЕКОЈ СИСТЕМ НАШИНЕЦ-ШЧИПЈАНЕЦ ИМАЛО, АМА НЕ САМО У ПОЛИТИКАТА. ..