ФФМ ќе го поддржи фудбалот во Кочани

Кочани, 11.12.2017

Фудбалската федерација на Македонија и Општина Кочани ќе ги здружат капацитетите во нови инвестиции за поддршка на фудбалот во метрополата на оризот. Ова е договорено на денешната средба на кочанскиот граадоначалник Николчо Илијев со претставници на ФФМ.

DSC_0009-Разговорот беше насочен во однос на можноста Кочани да биде град на чиј стадион „Никола Мантов“ ќе можат да се одржуваат и меѓународни фудбалски натпревари од помал формат. За тоа, секако, се потребни заеднички инвестиции за што ние начелно постигнавме договор, информрира градоначалникот Илијев.

Двете страни се дговорија за поставување 1.500 столчиња на источната трибина и други инвестиции во инфраструктурата и во одржувањето. Тоа е услов за подигнување на нивото на стадионот за одигрување на помали меѓународни натпревари. Со претставниците на ФФМ е постигнат начелен договор за довршување на работите за исполнување на пропишаните критериуми.

Општина Кочани очекува поддршка од Фудбалската федерација на Македонија и во решавање на основните потреби за одржување на спортскиот терен „Никола Мантов“.