ШТИП: Многу народ на отворањето на Биеналното студио за цртеж

Штип, 18.10.2019

Од настан во настан се зголемува бројот на граѓани на Штип кои сакаат да присуствуваат на отворањето на некоја од манифестациите од областа на културата. Тоа е посебно евидентно последните три месеци на настаните кои се во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“ со логистичка поддршка на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип и финансиска поткрепа од Министерството за клтура.

k02_800x600Вчера, на отворањето на Биеналното студио за цртеж-2019 во изложбениот салон на Домот на култура имаше над педесеттина присутни.

Со свои цртежи се претставија уметниците од Штип – Стефанија Стојановска, Дејан Марков, Јордан Ефремов и Александар Иванов, од Струмица Александра Филев, од Кочани Александра Димитрова и Марија Мицова Гацова и од Пробиштип Гојко Антониев.

k03_800x597Присутните беа импресионирани од цртежите на спомнатите уметници, иако најголем дел штипјани најдолго се задржуваа пред портрето на Мики Ли, најпознатиот штипски „бездомник“.