ШТИП: Музичкото училиште вечерва концерт во рамките на хуманитарната акција „Со срце за Симона“

Штип, 28.10.2019

Кон големата хуманитарна акција „Со срце за Симона“ вечерва се прилучува и Музичкото училиште „Серѓеј Михајлов“.

Со почеток во 19,00 часот во уметничката галерија „Безистен“ Музичкото училиште ќе одржи концерт . Влезот е 150 денари, а сите пари ќе бидат наменети за лекување на Симона Хаџи Тошев во странство.

Програма:

1.Народен оркестар при ДМУЦ “Сергеј Михајлов” класа проф. Илија Ќосевски – Не русај прусај

2.Јована Гркова – „Севилски гитари“  – Н. Фанер, класа, проф. М-р Марија Максимова

3.Костадинов Драган  –  Л. Иванович – Дунавски валцер. Проф. М-р Тони Лазаров

4.Назир Алимов  – Petite Suite En Saxe A. J. DERVAUX класа проф. Никола Темелков, пијано придружба проф. м-р Трајче Роглев

5.Весна Самоникова- Бургмилер-Арабеска,  класа, проф. М-р Марија Максимова

6.Мартин Филипов Менует Ј.С.Бах – класа: проф. Славица Деспотова, пијано придружба проф. м-р Трајче Роглев

7.Душица Митрева- Благој Цанев- Овчеполска свита, класа, проф: М-р Марија Максимова

8.Сара Ефтимовска –  SE TU M’AMI Giovanni Battista, класа: проф; Марина Јаневска и Виолета Арсовска корепетитор м-рТрајче Роглев

9.Теодора Ноемина Пастоњицки – Фонтаната на Дијана, класа:проф. М-р Марија Максимова

  1. Максим Димитров – Џ.Томпсон-Племенски танц, проф. Јасмина Б. Стојанова

11.Филип Донев и Борјана Динушева- Ј.Брамс-Унгарски танц бр.5- проф. Јасмина Б. Стојанова

12.Зоран Величков Фудбалски блуз – Д. Брус, класа: проф. М-р Сашка Данева

13.Елеонора Костовска – Ombra mai fu-G.F.Handel, класа: проф. Ѓорги Димитров, корпетитор: М-р Трајче Роглев

14.Драган Фенев Ноктурно О.Негруца – класа: проф. Славица Деспотова, пијано придружба проф. м-р Трајче Роглев

15.Ања Димитрова-.-В.Џилок-Ариел, класа, проф: Јасмина Б. Стојанова

16.Михаел Тимотеј Пастоњицки- Х. Синдинг- Пролетни звуци, проф. М-р Марија Максимова

17.Славица Томова и Маја Велкова O cessate di piagarmi-Alessandro Scarlatti – класа: проф. Славица Деспотова

18.Марко Насковски- К. Дебиси- Свита за пијано, класа- проф. М-р Марија Максимова

19.Сатја Александар Давитков  –  Ф.Шопен ноктурно оп.48 бр.1 – класа: проф. М-р Славче Величков

20.Сара Ефтимовска и Габиана Стоименов  – Nel cor piu non mi sento – Giovanni Paisiello, класа: проф. Марина Јаневска,  М-р Виолета Арсовска и М-р Марија Максимова

Досега во хуманитарната акција за Симона се собрани околу 70.000 евра. Најмногу донираа стопански фирми, институции и граѓани на Штип. За лекување на четиригодишната Симона потребни се вкупно 130.000 еврa, a дел од парите ќе ги подмири Фондот за здравствено осигурување.