ШТИП: Музичкото училиште се поднови со нови инструменти и пултови

Штип, 22.08.2019

Дражавниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип од денес е побогат за повеќе нови, квалитетни музички инструменти кои ќе им користат и на учениците и на наставниците.

Според м-р Горан  Кавраков, директор на училиштето, пристигнати се пијанино, виолина, тромбон, флејта, клавинова, виолончело, сопран, саксофон.

-За првпат во училиштето имаме и традиционални македонски музички инструменти како кавал, гајда и тамбура, а добивме и триесет нови пултови за оркерстарот на училиштето, вели директорот Кавраков.

Инструментите се во вредност од 500.000 денари, а на училиштето му ги додели Министерството за образование и наука во знак на поддршка за континуираните успеси во образованието кое ги има ДМУЦ „Сергеј Михајлов“.

M04_800x600 M03_800x600 M02_800x600