ШТИП: Дури во 21 век Балканска доби чиста вода за пиење

Штип, 22.08.2019

Жителите на населба Балканска од денеска имаа чиста и здрава вода за пиење од градскиот водовод. Ветувањето на локалната власт е остварено, повеќе од 50 фамилии во населба Балканска од денеска до своите домови имаат чиста и здрава вода за пиење. Денеска во употреба беше ставен водоводот за водоснабдување на дел од населба Балканска.

ISAR02_800x534„Денеска е чест да се биде градоначалник, бидејќи оваа инвестиција беше многу важна за нас, а посебно за жителите на оваа населба. Во функција е ставен водовод за водоснабдување на долниот дел од населбата Балканска, со што граѓаните ќе имаат чиста и здрава вода за пиење“, реќе градоначалникот Бочварски..

Ова беше едно од главните ветувања и нешто со што локалната самоуправа веднаш се зафати да го решава. Досега за овој проект инвестирани се околу 300.000 евра, изработена два километри водоводна линија. Овој водовод ќе обезбедува десет литри вода во секунда.

Според Живко Тасев, директор на ЈП „Исар“ јавното претпријатие продолжува со работа во горниот дел до населба Балканска каде уште сто домаќинства ќе добијат чиста и здрава вода до своите домови, а потоа ќе продолжи кон населбите Чардаклија и Македонка.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе