Штип од регионален центар до регионална депонија

Штип, 29.05.2017

  • Градот плива во ѓубре, двоецот Захариев-Бојаџиев работи по принципот „Миле ми текна“ , Штип од регионален центар стана регионална депонија за ѓубре, жаби, животински смрдеж од зоолошката…

18763366_10211528213433583_2084393239_nИако на работа за бедна платичка во замена за нивниот глас на избори примија стотици чистачи на улици, Штип управуван од двоецот Захариев-Бојаџиев стана еден од најзагадените градови во државата. Неодамна објавивме фотографии од преполнет контејнер околу кого имаше двапати повеќе разлеан смет околу него. И тоа токму на влзезот од Градските гробишта. Денес донесуваме апокалиптични слики од состојбата со јавната комунална хигиена во центарот на градот.

18788695_10211528213993597_228662550_nОдамна е речена една слика илјада зборови, а ние во неколку нови слики ви го доловуваме Штип каков што е денес, а и подолг период во оваа година.

Штип, кој беше регионален центар подолго време личи на регионална депонија.

18788544_10211528213113575_462782826_nВо ова меѓувреме ЈП Исар стана нашиот Титаник преполнет со патници (работници) и екипаж кој нема никаков капацитет да управува со него.  Како и славниот брод и овој нашиот е пред пропаѓање. Двоецот Захариев-Бојаџиев по принципот „Миле ми текна“ изградија зоолошка градина па сега на станарите од сите згради под Бриони и на вработените во делот во кој се сместени капацитети на Универзитетот „Гоце Делчев“ смрди од изметот на животните кој не се чисти редовно.

18788483_10211528214313605_841151295_nБаш овој двоец, пак по принципот „Миле ми текна“ се сети да изград „брана“ на почетокот од Отиња, па од жабите и нивниот крекет 24/7 немаат мир жителите од овој крај. По поројниот дожд жабите беа исфрлени од „браната“ па сега ги има низ целиот град и тоа во неговото централно подрачје.

(и.б.)