ШТИП: Погребан првиот претседател на општината во самостојна Република Македонија

Наташа и Трајчо Спасови, нераздвојни во многудецениски прекрасен брак

Штип, 02.02.2018

27368306_1757118437660387_896217613924923936_oДенес на Градските гробишта во Штип беа погребани посмртните останки на м-р Трајчо Спасов, првиот претседател на општина Штип во независна и суверена Република Македонија. Спасов почина на 85 годишна возраст.

Трајчо Спасов е еден од најпознатите пНапомена:

Пред околу 1 час објавивме вест дека на последното испраќање на Спасов не бил никој од локалната власт. Таа информација не ни беше точна зашто на погребот биле присутни градоначалник Благој Бочварски, советничката од СДСМ Слободанка Момчилова и Никола Тушев претседател на ОО на СДСМ. Грешката е наша бидејќи ние на погребот бевме подоцна кога делегацијата на Општина Штип веќе си заминала. Истокпресс ја

олитички и стопански раководители во историјата на Штип во времето на поранешниот систем. Беше архитектот на големата компанија „Макпромет“. Својот работен век го започна како дипломиран економист во Текстилниот комбинат „Македонка“.

Во независна Република Македонија Спасов едногласно беше избран за прв претседател на Општина Штип. На оваа функција Спасов беше во периодот 1990-1996 година. Тој беше творецот на последниот штипски местен самопридонес кој беше реализиран во периодот 1992-1997 година кога штипјани на солидарна основа одделуваа од своите плати, а фирмите од својата добивка за изградба на брана на реката Отиња.

И во подоцнежни години Трајчо Спасов не мируваше. Својот последен политички ангажман го имаше есента, минатата година, кога се појави на конвенцијата на СДСМ и коалицијата одржана во големата сала на Домот на културата. На оваа конвенција тој јавно и јасно ја поддржа кандидатурата на Благој Бочварски за градоначални и предложениот советнички состав од оваа политичка групација.