ШТИП: Слики од Лесновската ликовна колонија пред штипјани

Штип, 28.05.2018

ZX02

Страшко Милошевски

Денес точно напладне 28 уметнички творби насликани од 18 уметници од Маќедонија, Русија и Бугарија во рамките на минатогодишната Лесновска ликовна колонија се најдоа пред штипјани.

Организатор на изложбата е Центарот за култура „Ацо Шопов“.

ZX03

Марија Трајчева

Во убав културен амбиент пред педесеттина посетители, главно средношколци од гимназијата „Славчо Стојменски“ со нивниот професор и познат ликовен уметник Кирил Казанџиски,актерот Страшко Милошевски читаше поезија од Михаил Ренџов и Чедо Јакимовски од едицијата „Лесновски ѕвона“.

ZX04„Пред рафинираната штипска публика нашата колонија која постои 26 години се претставува со 28 слики од вкупно 40 слики насликани во рамките на „Лесновска ликовна колонија 2017 година“. Нашата соработка со Центарот за култура „Ацо Шопов“ продолжува на задоволство на публиката во двата града. И годинава во Лесново, од 25 јуни до 1 јули ќе ја имаме Лесновската ликовна колинија, а сликите насликани во нејзини рамки во изминатите 26 години стојат во нашиот Дом на култура „Злетовски рудар“ и во бројни институции во Пробиштип како наше вредно културно богатство“, рече Марија Трајчева, директорка на Домот а култура во Пробиштип.

Во прилог на текстот донесува неколку фотографии од денешниот настан.