ШТИП: Убав концерт на „Дуо Скупи“

Штип, 08.11.2018

„Со маки сум се родил јас“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Дафино вино црвено“ , „Јано мори“, „Опа иха“ и уште четири други мелодии беа на репертоарот на скопското дуо на класична музика „Дуо Скупи“ кое го сочинуваат Јета Старова Мехмети  Ермаљ Мехмети.

Настанот се одржа синоќа, во установата  „Киро Глигоров“.

45702874_332976063950045_7984666519084728320_n„Постоиме од 2006 година и сме настапувале на Охридско лето, Есенски музички свечености, Топол културен бран, Скопско лето, Битолско лето и други музички манифестации. Сме имале убави настапи и во повеќе европски држави како и во САД. Многу ни е мило што штипската публика со големи аплаузи не поздравуваше после секоја изведена точка и со тоа не напрви горди на она кое го работиме. Би сакале во некоја друга прилка пак да гостуваме во овој град“, рече по концертот Јета Старова Мехмети.

И со овој концерт Штип го одбележа 8 ноември, Денот на ослободувањето.