Градскиот дувачки оркестар позитивно го „размрда“ Штип

Штип, 08.11.2018

Променадниот концерт на Градскиот дувачки оркестар синоќа позитивно го „размрда“ Штип и внесе нова енергија во духот на градот.

45542354_196224241279302_3094970420093255680_nОркестарот имаше настап во чест на 8 ноември, Денот на ослободувањето на градот. Тој тргна од пред гимназијата „Славчо Стојменски“ , продолжи по улицата се до камениот мост од каде сврти кон градскиот плоштад „Слобода“. За цело време оркестарот сциреше популарни маршеви, а поголема група граѓани цело време го следа одејќи заедно со него по тротоарите.

На плоштадот Градскиот дувачки оркестар приреди концер и по секоја своја нумера добиваше искрени и долги аплаузи.

45517202_2181269282129980_6307175193756303360_n„Ова му е неопходно на Штип. Би сакал не само за празниви овој оркестар да има свои настапи пред граѓаните. И не само во централното подрачје туку да дава концерти и во населбите зашто луѓето се гладни за ваков вид музика“, рече познатиот екс кошаркарски сдија Тодор Рибарски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе