KОЧАНИ: Врачено признанието на Орце Николов за најдобро во екологијата во регионот за 2020 година

Кочани, 03.12.2021

Уредниците на порталите „Glasno.mk“ и „komarec.com.mk“ вечерва му го врачија признанието на Орце Николов кое годинава му го додели Регионалниот актив на новинари ИСТОК – Штип во склоп на манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2020 година

Церемонијата на свеченото доделување на сите признанија се одржа во месец Август оваа година, но поради оправдани причини Орце Николов отсуствуваше од манифестацијата па сепак вечерва она што новинарите од истокот му го доделија му беше врачено.

262654222_1391312084604557_4540126423073763932_n

Признанието на Орце Николов член на Здружението на граѓани „Одбор за здрав живот“ – Кочани му беше доделено во категоријата „Најдобар во екологијата во Источниот Регион за 2020 година“.

По примањето на признанието Николов изјави дека ова признание за него е нешто посебно и претставува нов уште поголем потстрек во борбата за зачувување на чиста животна средина, пишува кочанскиот портал komarec.mk..