ШТИП: Основците уживаа со Симона Ристевска и нејзината книга за деца „Куферко, светскиот патник од Македонија„

Штип, 0212.2021

Педесеттина ученици од ООУ „Ванчо Прке“-Штип денес вистински уживаа на средбата со Симона Ристевска и нејзината книга за деца „Куферко-светскиот патник од Македонија“. Преубавиот настан беше во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“, а младата писателка и децата ги поздрави Горан Трајков, дирекор на Центарот за култура додека целата претстава се одвиваше под диригентската палка на писателот Трајче Кацаров. Но, тоа беше така кусо време зашто малите, умниг глави сакаа многу да знаат, па одлучија да си ја превземат ситуацијата и веднаш испратија рафали од прашања до писателката Симона.

03-Книгата можеме да ја наречеме детски туристички водич кој ги промовира македонските убавини, градовите, природата, храната, обичаите…Таа е наменета за деца пред се од 4-9 одделение, а целта на книгата е тие наши убавини да им ги приближи на децата од Македонија но и на децата од дијаспората кои можеби помалку знаат за нашата убава татковина. Мотивот да направам една ваква книга која е и богато ислустрирана ми дојде како резултат на  моите бројни патувања низ светот, рече писателката одговорајки на едно од прашањата на децата.

04Потоа од децата дојдоа мал милион прашања но и констатации. -„Штип е убав град оти има Дом на културата“, рече една умна глава, а друга додаде: „И оти во него главно јадење е пастрмајлијата“, а трето се надоврза оти Штип имал убави училишта и затоа го имало во книгата!

„Како може да се патува во куфер“, праша четврто дете, и додаде ново прашање „Дали куферко ќе дојде и во Штип“ на што писателката Ристевска одговори дека веќе во недела куферко ќе е во нашиот град со театарска претстава за деца работена според книгата“.

02-„А каде ќе биде претставата“, се слушна ново детско прашање, на што доби одговор дека ќе биде точно на пладне во големата сала на Домот на култура.

„А ќе можеме ли да си купиме од книгата“, продолжи со прашање девојче од првиот ред кое постојано се вртеше на столицата и кое заплеска радосно со рацете кога од писателкста доби потврден одговор.

И така, во една неверојатно весела атмосфера помина денешната промоција при што децата уште еднаш се покажаа како најблагородна публика.

Инаку, оваа промоција беше 29-ти културен настан во Домот на културата месецов организиран од Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе