Во Штип има кој да чита и кој да пишува

Штип, 03.05.2019

Националната установа универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ неодамна распиша меѓуопштински литературен конурс за песна и краток расказ. Денес, во убава и пријатна атмосфера во библиотеката беа соопштени добитниците на наградите кои имаа можност пред публиката да ги прочитат наградените творби. Конкурсот беше на тема „Книгата отворен прозорец кон светот“.

59022710_300456354221811_3211231564138545152_nВо категорија од I-V одделение наградите ги добија:
1 место, Дамјан Митевски ООУ „Тошо Арсов“ III/1 одд.
Ментор: Ванѓе Манева: 2 место, Андреј Стојанов ООУ „Ванчо Прке“ III/5 одд.
Ментор: Јованка Кокошкарова: 3 место, Михаил Димов ООУ „Ванчо Прке“ IV одд.
Ментор : Васка Дербова

Категорија од VI-IX одделение добитници на наградите:,
1 место, Анастасија Зимбакова ООУ „Гоце Делчев“, ментор: Маре Милева: 2 место, Антонио Тодев ООУ „Славејко Арсов“ VIII одд.
ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова: 3 место, Милена Милорадова „Славејко Арсов“ VIII одделение: ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова
Пофалена беше творбите на, Катерина Здравкова „Славејко Арсов“ IX одделени,
ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова

59414967_606701026461286_3492214805748514816_nКатегорија возрасни
1 место, Татјана Биџовска: 2 место, Стеван Богданов СОУ „Јане Сандански
ментор: Валентина Бочварска: 3 место, Мартин Ристов СОУ „Коле Нехтенин“
ментор: Сузана Арсова.

Настанот покажа дека во Штип и се чита и се пишува. Наградените автори со посебна енергија ги читаа своите дела а публиката сите до еден ги награди со аплауз како признание за тоа што го одработиле младите и средната генерација.